На социјалните мрежи постојано се појавуваат фотографии со совршени семејства, па многумина помислуваат дека нешто не е во ред со нивното. Вистината е дека не постои совршено семејство.rnrn
rnrnЛуѓето ги нагласуваат само убавите страни на социјалните мрежи. Никој не ги објавува проблемите и нефункционалноста на семејството. Целта не им е да го излажат светот, туку едноставно сметаат дека нема потреба да се прикажуваат лошите работи. Луѓето се многу селективни кога станува збор за споделување работи со светот.rnrnКога го споредувате вашето семејство со она што сте го виделе на социјалните мрежи, нормално е да се чувствувате незадоволно. Семејството е динамичен, жив организам. Не постојат совршени луѓе, па затоа не постојат ни совршени семејства. Сепак, возможно е едно семејство да биде среќно, а постојат некои работи кои се клучни за тоа. Постојат и некои грешки кои ја уништуваат структурата на врските и на хармонијата во семејството. Погледнете за кои грешки станува збор…rn
Озборување
rnОзборувањето е премногу застапено во семејствата и создава раздор. Ако некој има проблем со член од семејството, треба да разговара со него. Ако проблемот го споделите со некој друг, може навистина да ја повредите личноста која наводно ви згрешила. Озборувањето на членовите од семејството е злобно. Ако имате проблем со некого, решете го приватно. Нема потреба да ги вклучувате и другите.rn
Обвинување
rnПроблемите постојат во секое семејство. Она што е важно е да научите како да ги надминете. Ако постојано ја префрлате вината на некој друг, во вашето семејство никогаш нема да има мир. Секој од нас си има свои недостатоци, па обидете се да ги прифатите вашите.rn
Нееднаков третман
rnМногу често се случува децата да се третираат на различен начин. Можеби тоа изгледа добро, бидејќи секој од нас е посебен и си бара посебен третман. Но, кога едното дете е „поомилено“, нешто треба да се промени. Важно е родителите исто да ги третираат своите деца, и тоа уште од најрана возраст. Овде станува збор за посветено време, труд, подароци и слично. Кога ја нема оваа еднаквост, помеѓу децата може да се појави одбивност и омраза.rn
Пријатели пред семејството
rnСемејството секогаш треба да биде пред пријателите. Ова може да биде тешко, особено за тинејџерите. Сепак, обврска на родителите е да им го кажат ова на своите деца. Ако вашето дете не присуствува на ниту еден семеен ручек, тоа испушта голем дел од времето кое би било добро да го помине со семејството. Едно неодамнешно истражување покажало дека децата кои јадат заедно со своето семејство имаат помали шанси да почнат да пијат, да пушат, да користат наркотици и да развијат некое нарушување со исхраната. Покрај тоа, децата кои редовно јадат со семејството имаат побогат вокабулар, подобри манири, поздрав начин на исхрана и повисока самодоверба.rn
Презафатени за семејството
rnСите ние водиме зафатени животи. Но, времето поминато со семејството треба да биде приоритет. Не дозволувајте вашето семејство да стане толку зафатено што нема да можете да комуницирате подлабоко. Потребно е да направите време и простор во вашиот живот за оваа значајна интеракција. Исто така добро е да планирате и семејни активности како одмори, заедничка филмска вечер и слично.rn
Лажење, неверство, злоупотреба и зависности
rnОвие фактори можат да го уништат семејството. Ако некој од сопружниците е неверен, голема е веројатноста за развод. Ако постои зависност кај некој од членовите, тоа влијае на сите други. Ако постои каква било злоупотреба, довербата во семејството не постои. Обидете се да ги елиминирате овие фактори. Однесувањето на поединецот може да има влијание на сите.rnrn
rn
Како да го направите несовршеното семејство среќно?
rnКако водич користете го правилото 80/20. Замислете дека секој човек има 80% добри карактеристики, а останатите 20% се работи кои сметате дека може да ги промени или да ги подобри. Фокусирајте се на поголемиот број. Оставете ги 20-те проценти, не ги критикувајте.rn
Бидете навивачот во семејството
rnСемејството не треба да биде средина за натпреварување. Тоа треба да биде место каде што секој член се полни со енергија за да може да го освои светот. Семејството и домот треба да нудат поддршка, удобност и охрабрување. Ако некоја личност не може овде да ги најде тие работи, тогаш каде да ги бара? Пренесете им го ова не само на вашите деца, туку и на повозрасните членови на вашето семејство. Навивајте за вашите сакани. Бидете примерот кој другите ќе сакаат да го следат.rn
Негувајте ги традициите
rnТрадициите се важен дел од секое семејство бидејќи тие ги зближуваат членовите. Од традициите се создаваат сеќавања кои ќе се пренесуваат дури и на идните генерации. Недостатокот од традиција создава празнина каде што би требало да се наоѓаат значајните членови од семејството. Со негувањето на некоја традиција семејството ќе чувствува близина поради сеќавањата кои се создавале со текот на годините.rn
Ценете ги сеќавањата и разговарајте за нив
rnДали во вашето семејство се зборува за позитивни или за негативни сеќавања? Ова има големо влијание на вашето семејство. Сеќавајте се и разговарајте за убавите моменти и во семејството ќе владее хармонија. Славете го минатото и луѓето со кои сте ги споделиле сеќавањата. Раширете радост во вашето семејство со тоа што ќе си раскажувате убави моменти.rn
Охрабрувајте ги позитивните семејни врски
rnРодителите треба да ги научат децата да се сакаат. Семејната љубов и грижа не доаѓаат секогаш лесно и природно. Родителите се оние кои треба да го диктираат меѓусебниот однос на децата. Тие имаат големо влијание на врските на децата и можат да им помогнат да создаваат пријателства, или можат да ги остават децата и само да се надеваат на најдоброто. За жал, кога се случува ова второто, децата обично се фокусираат само на себе, па љубовта и грижата за другите им е непозната.rn
Сочувство, разбирање, емпатија и флексибилност
rnАко сакате среќно семејство, однесувајте се со сочувство и разбирање. Ако некој поминува низ тежок период, бидете таму за него. Бидете семејство кое ги поддржува своите членови и безусловно ги сака. Членовите на семејството си се потребни едни на други. Семејствата кои покажуваат сочувство, разбирање и флексибилност се секогаш поздрави и посреќни.rn
Работете на проблемите со добра комуникација
rnПроблемите ретко се решаваат со викање и расправање. Семејните проблеми се решаваат кога добро ќе ислушате што има да каже и другиот. Ако го игнорирате проблемот во семејството, тој само ќе се зголемува. Колку побрзо ќе разговарате за него, толку побрзо ќе го решите.rn
Инвестирајте време
rnАко не поминувате време со вашите деца, тие ќе пораснат многу брзо и ќе ја испуштите близината која би требало да ја имате со нив. Ако не сте биле блиски со вашите деца додека тие растеле, потоа оваа поврзаност е потешко да се постигне. Инвестирајте време и енергија во вашите деца додека растат за да создадете врска која ќе трае цел живот.rnrn
rn
Среќното семејство не мора да биде совршено
rnНемојте да мислите дека некој има совршено, па дури и подобро семејство од вашето, бидејќи секое семејство си има свои сопствени проблеми. Не им дозволувајте на совршените фотографии на социјалните мрежи да ве излажат. Сите тие луѓе имаат проблеми. Фокусирајте се на вашето семејство, ценето го и сакајте го.