Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Разните „шкртки“ што несвесно ги цртате додека разговарате со некого на телефон или за време на здодевен состанок или предавање можат да откријат многу за вашиот карактер и за вистинските намери што се кријат зад вашите постапки. Кога „шкрткаме“ нашиот потсвесен ум го води пенкалото, а сите знаеме дека тој ги крие нашите најдлабоки тајни и го контролира нашето однесување. Во продолжение, дознајте го вистинското значење на работите што секојдневно ги цртате…

Фигури на луѓе

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Ако цртате човечиња, најверојатно се чувствувате несигурни и беспомошни или се обидувате да побегнете од вашите одговорности. Цртањето едноставни фигури покажува дека сте емоционално нестабилни и имате потреба да се изолирате од луѓето.

Очи

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Очите ја покажуваат внатрешноста на човекот кој ги црта. Крупни очи се знак на дружељубивост, фокусирани очи симболизираат дека се чувствувате како некој да ве набљудува, а затворените очи значат дека одбивате да се соочите со вашите внатрешни емоции.

Вашиот потпис

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

„Шкртките“ од вашиот потпис се егоцентрични и арогантни. Доколку многу често го „шкртате“ вашиот потпис, без размислување, за време на разговор или додека се обидувате да решите некаков проблем, тоа го открива вашиот егоцентричен карактер.

Животни

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Животното што го цртате може да открие многу за вашите моментални емоции и карактер. Тигарот и волкот откриваат потисната лутина, лисицата е знак дека веројатно сакате да направите нешто подмолно, верверичката покажува дека ви треба грижа и заштита, а луѓето кои цртаат лавови мислат дека се супериорни и подобри од останатите. Ако постојано го цртате истото животно, тоа значи дека несвесно се споредувате со него и се обидувате да го имитирате неговиот карактер.

Квадрати, дијаманти и други геометриски фигури

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Јасно ги имате дефинирано вашите цели и верувања и многу ретко си го задржувате мислењето за себе. Многу сте тврдоглави и упорни. Обично сте премногу претпазливи и внимателни. Можеби треба да размислите за промена на овие особини.

Стрели

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Стрелите симболизираат вектор, насока во животот. Ако стрелата покажува нагоре, секогаш се ориентирате според другите луѓе. Доколку таа е насочена надолу, премногу се фокусирате на себе. Стрелата насочена налево значи дека сте заглавени во минатото, а ако покажува надесно, со нетрпение ја очекувате иднината.

Ѕвезди

Што откриваат вашите „шкртки“ за вас?

Сакате да бидете во центарот на вниманието. Сакате сите да ве гледаат кога ќе се појавите некаде и сите погледи да бидат свртени кон вас каде и да одите. Но, доколку ѕвездите што ги цртате имаат премногу краци или ако се одвоени од центарот, тоа е знак дека можеби страдате од депресија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар