rn
Цвеќиња, облаци и сонце
rnЦртањето убави цвеќиња и сонце додека разговарате на телефон покажува дека сте задоволни од тоа што ви се случува и фантазирате за убавите работи што ве чекаат во иднина. Овие „шкртки“ го откриваат вашиот позитивен став и добро расположение.rn
Крстови
rnОва може да значи дека се чувствувате виновни за нешто или дека се обвинувате за грешките од минатото.rn
Мали куќички и кутии
rnСиметричните форми ја откриваат вашата љубов кон редот и способноста детално да ги испланирате и пресметате работите. Знаете точно што сакате, ги имате поставено вашите цели и подготвени сте да го браните вашето мислење без оглед на сѐ.rn
Шаховски табли
rnНајверојатно неодамна сте се нашле во прилично непријатна и неудобна ситуација. Ако ваквите цртежи се постојано присутни, постојат големи шанси дека имате некакви скриени проблеми поврзани со вашата неспособност да излезете од ситуацијата во која се наоѓате или пак се обидувате да се пронајдете себеси и вашата животна смисла, но се сомневате во патот што сте го одбрале.rn
Идентични шеми
rnВашиот главен приоритет е да ги зачувате мирот и хармонијата во вашиот живот. Исто така, сакате да се средите и да основате семејство.rn
Спирали
rnТуѓите проблеми не ве вознемируваат многу. Постојано решавате различни проблеми и размислувате за одредени задачи. Којзнае, можеби сте генијалци!rn
Кругови и прстени
rnКружните форми ја откриваат вашата потреба од единство. „Се чувствувам како да не припаѓам никаде во светов“. Тоа го кажуваат вашите „шкртки“ за вас. Ако несвесно цртате кругови, тоа значи дека ви треба пријател или внимание што на крајот може да доведе до депресија. Грижете се за себе. Секако, круговите може да значат и дека сте интроверти на кои не им треба многу комуникација.
Во продолжение погледнете го овој чуден цртеж и дознајте што она што ќе го видите говори за вас.


