КАФЕ ПАУЗА

Како да ги победите есенските и зимските настинки?

Како да ги победите есенските и зимските настинки?

Иако есента и зимата доаѓаат со прекрасни работи како што се убави лисја, удобни џемпери и многу празници, тие исто така ни носат и многу настинки. Покрај покривањето на устата кога кивате, редовното миење на рацете и внесувањето витамини, постојат уште многу други природни трикови што ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот. Прочитајте за што станува збор…rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

Јадете повеќе лук

rnМожеби здивот нема да ви мириса најубаво, но според најновите истражувања лукот е вистински борец против бактериите и зајакнувач на имунитетот. Меѓутоа, имајте на ум дека топлината ги деактивира неговите моќи, така што ако готвите со него, додадете го пред самото послужување на храната или ставете го во ладна салата за да ги зачините другите зеленчуци.rn

Спијте доволно

rnНедоволното спиење не само што го уништува имунитетот туку и предизвикува потешкотии во борбата со вирусите. Според едно германско истражување, спиењето и биоритамот се силни регулатори на имунолошките процеси. Подолгиот недостаток од сон доведува до производство на клетки што предизвикуваат намален имунитет.rn

Вежбајте повеќе

rnКако што станува поладно, сѐ поголемо е искушението да го замените одењето во теретана со топлото ќебенце дома и гледањето филмови. Тоа не е добра идеја, бидејќи редовното вежбање е неопходно за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Вежбањето им помага на белите крвни клетки да циркулираат побрзо, што му овозможува на имунолошкиот систем побрзо да ги открие болестите и да ги исфрли бактериите од белите дробови. Освен тоа, честото вежбање го подобрува сонот, а како што веќе кажавме, тоа има позитивно влијание и на здравјето.rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

Поминувајте повеќе време на сонце

rnПоминувањето време на сонце обично го поврзуваме со летото, но многу е важно да примате сончеви зраци дури и кога надвор е ладно. Освен што ќе ви го подобри расположението, сонцето може да ве заштити и од болести. Изложеноста на сончева светлина ги активира т-клетките што играат многу важна улога во имунолошкиот систем кај луѓето.rn

Смејте се повеќе

rn„Смеата е најдобриот лек“ не е само изрека. Смеењето навистина го намалува нивото на стрес хормоните и го зголемува бројот на бели крвни клетки што се борат против инфекции. Одвојте неколку часа за да погледнете некоја добра комедија или пак неколку минути за да се насмеете со неколку смешни видеа на Јутјуб. Се работи за вашето здравје!rn

Ограничете ја консумацијата на алкохол

rnНе грижете, не треба да се откажете од вашата чаша вино што ја пиете пред спиење. Но, немојте да претерувате со алкохолот, бидејќи тоа доведува до нарушен имунолошки систем и зголемен ризик од белодробни инфекции.rnrnПогледнете ги и овие 6 домашни лекови за спречување настинка.