КАФЕ ПАУЗА

6 домашни лекови за спречување настинка

6 домашни лекови за спречување настинка

Во есен се појавуваат епидемии на грип и разни инфекции на респираторните органи. За здравите луѓе тие претставуваат само непријатност, но за постарите луѓе и за хронично болните можат да бидат сериозен проблем. Токму поради тоа, подобро е превентивно да се делува и да се стори сè за да се пресретне болеста.rnrnЗа да може полесно да се изборите со кивавица, кашлање, болка во грлото и зголемена температура, би требало да јадете кисела зелка и лук, а домашната аптека да ја збогатите со ајдучка трева, ким, липа, шипка, мед, пиво…rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

Мешавина за имунитет

rnПомешајте по 20 грама бозел, тегавец, мајчина душица и маточина, додајте половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте лимон и мед. Оваа мешавина од билки, го подобрува имунитетот и затоа е добро да се пие превентивно.rn

Ким против кашлица

rnВо чаша млака вода ставете една лажичка масло од ким и со тоа неколку пати на ден плакнете го грлото. На тој начин ќе направите дезинфекција на грлото, а ќе го намалите и надразнувањето што го предизвикува кашлањето. Доколку кашлате ноќе, земете половина литар темно пиво, ставете го да поврие на рингла и оставете да се излади. Потоа во него додадете четири лажички мед и пијте го преку ден по мали голтки.rn

Смрека за болки

rnТри лажички свежи иглички од смрека (зимзелено дрво) прелијте ги со половина чаша чист алкохол и во добро затворен сад оставете да стои десет дена, а потоа процедете и додајте два дела вода. Овој лек треба да се чува во стерилен и добро затворен сад. Ако имате проблеми со искашлување, истријте ги градите со оваа тинктура. Исто така се користи и за масажа на затегнати и болни мускули.rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

Шипка против вируси

rnПоловина килограм шипки, добро измиени се сечат на половина и се оставаат да стојат цела ноќ во три децилитри сок од јаболка. Потоа се ставаат да  зовријат. Смесата се процедува и се засладува со мед. Сирупот се чува во стерилни тегли во фрижидер. Се зема по една лажица на ден.rn

Липа за снижување висока температура

rnДве лажички сув цвет од липа се прелива со една шолја врела вода и се остава да стои десет минути, па се процедува. Овој чај го забрзува потењето, особено ако  испиете две шолји, а потоа се завиткате во ќебе.rn

Слез за чистење синуси

rnСитно исечкајте 100 грама корен од слез, додајте две литри вода, варете десетина минути и правете инхалации еднаш на ден.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.