Кул пешкири за на плажа

Кул пешкири за на плажа

Пешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?

Пешкир со Axe-ефект – Ќе ве забележат и ќе изгледате кул. Ако ништо друго, барем секогаш ќе имате раце или нозе замотани околу вашето тело.

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир со горен и долен дел – Реупотребата на пешкирите е оправдана, но само доколку се практикува на начин кој ја осигурува беспрекорната хигиена. Горниот дел е за лицето, а долниот за интимните делови. Нема потреба од забуна.

Кул пешкири за на плажа

Пешкир за мерење на обемот на телото – Мерете си го намалувањето на обемот секогаш кога ќе излезете од вода. Ќе се зачудите колку се слабее со пливање. 🙂

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир кој ги открива влакнестите делови – Зад оваа креативна идеја стои Gillette, чија цел е да го привлече вниманието на оние делови од телото на жените, но и на мажите, кои најмногу се бричат за време на летниот период. И статистиката е на нивна страна: само 12% од жените сакаат мажи со влакна, додека 71,6% од мажите преферираат бричена бикини зона.

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир кој ја подигнува свеста за опасностите од изложеноста на сонце – 50 вакви пешкири биле поставени на една плажа во Тел Авив, Израел, за да им го привлечат вниманието на присутните и да им ја подигнат свеста за опасните оштетувања на кожата и можноста за добивање рак на кожата како резултат на прекумерна и незаштитена изложеност на сонце.

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир за комплетно уживање – Овој пешкир од Hi-Sun претставува четири во едно: ранец, перница на дување, пешкир и звучници. На овој пешкир можете комплетно да се опуштите и да уживате слушајќи ја музиката од вашиот ајфон, ајпод или кој било друг мп3 плеер, кој ќе го поврзете со стандардниот 3,5-милиметарски приклучок. Звучниците се јаки, а благодарение на литиум-јонската батерија на полнење преку УСБ, можете да бидете сигурни дека ќе уживате цел ден додека сте на плажа.

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир кој се конвертира – Овој пешкир од Мејсон Мартин Маргиела се преобразува во торба и обратно.

Кул пешкири за на плажа

Плејбој пешкир – Ова е веројатно најлесниот начин да се најдете на насловната страница на Плејбој.

Кул пешкири за на плажа

Песочен пешкир – Овој пешкир има две лица, бела и песочна. Додека лежите на него можете да ја користите белата страна, но кога ќе сакате да појдете на пливање, свртете го наопаку врз вашите ствари што сте ги понеле на плажа. Песочните принтови ќе ја камуфлираат околната со што вашите вредни работи ќе бидат на сигурно.

Кул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажа

Пешкир кој можете да го носите – Овој пешкир има 3 отвори, може да се носи како туника или како тога и нема потреба од закопчување.

Кул пешкири за на плажа

Пешкирот задник-лице ќе ви помогне да не ги мешате страните и секогаш да ги бришете деловите од телото со соодветната страна.
Кул пешкири за на плажа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Многу се интересни :))

  2. Anomis Reply

    pesocen peskir dodeka plivas da gi kamufliras rabotite pod nego i nekoj da ti gi izgazi…naocarite, telefonot…itn hahaha inace toj za nosenje e najdobar. mi treba eden hahah zs ja nikako ne znam da si go vrzam peskirot…t.e. mozam ali koga odam paga =/ hahah

  3. delicious Reply

    hihihi zakon se

  4. verchence Reply

    hahhaha

  5. Demonic Reply

    Бричена бикини зона!?
    Bitch please! Депилација, стри-кно!

  6. kafepauza Reply

    Пешкир за комплетно уживање најакк 😀

Остави коментар