Трендот „Уништи ја венчаницата“ станува сѐ попопуларен во светот во текот на изминатите години, иако дефинитивно не е за секого, особено за невестите кои сакаат да ја зачуваат својата венчаница, но и доколку истата била премногу скапа.rnrn
rnrnНо, ако невестата е подготвена да ја уништи венчаницата, а младоженецот својот костим (или барем целосно да ги наводенат) и ако тие сакаат посебни фотографии, тогаш трендот „Уништи ја венчаницата“ е создаден за нив.rnrn
rnrnСтанува збор за тренд каде што младенците после венчавката се фотографираат во вода или пак се поливаат со боја, па дури и се тркалаат во кал. Водата, секако, ќе биде најмалку штетна иако венчаницата после тоа најверојатно нема да биде иста, а младенците најчесто се одлучуваат за такво фотографирање ако имаат венчавка во близина на плажа или базен.rnrn
rnrnНевестите кои се подготвени да ја фрлат венчаницата, може заедно со својот новопечен сопруг да се извалкаат со бои или кал. Ако фотографиите се прават со бои, тогаш тие може да ја изберат својата омилена, за целото фотографирање да биде во таа нијанса.rnrn
rnrnФотографирањето „Уништи ја венчаницата“ гарантира забава и спомени за цел живот, но сепак за некои невести е незамисливо да ја уништат венчаницата на тој начин. Традиционалните фотографии од венчавката им се доволен спомен од тој преубав и важен ден. Дали вие би направиле нешто вакво?rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие нови адети за невообичаена свадба.
Нов свадбен тренд кој некои невести не можат ни да го замислат
