Филм: Американски платеник (American Assassin)
По смртта на својата девојка од страна на терористи, Мич тргнува во одмазда што ќе му го смени животот
Режија: Метју Вон
Улоги: Дилан Обрајан, Мајкл Китон, Сана Латан
Времетраење: 172 минути
Јазик: англиски
Премиера: 15 септември 2017
Жанр: трилер, акција
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка:
Ако сте љубители на трилери како филмовите за Борн, тогаш со сигурност ќе уживате и во оваа приказна. Од друга страна пак, ако сте љубители на книгите, најпрво ви препорачувам да ја прочитате барем првата книга од 16-те објавени за главниот лик Мич, од страна на писателот Винс Флин, според кои е и направен овој филм.
Како што веќе спомнав погоре, дејството се врти околу Мич (Дилан Обрајан). Откако тој ќе ја изгуби својата љубена во терористички напад, единственото нешто што ќе сака (и ќе биде способен да го прави) е одмазда. Неговата цел е да убие што е можно повеќе терористи пред тие да стават крај и на неговиот живот. Но нештата ќе тргнат во малку поинаква насока откако тој ќе биде регрутиран од ЦИА и трениран од ветеран агент – Стен Харли (Мајкл Китон). Сепак, дали тој има доволно сила во себе да успее да остане фокусиран на мисијата или пак, ќе дозволи скршеното срце да го води низ битките?
На кратко, филмот има сè што е потребно за да постигне голем успех – богати карактери, моќна приказна, брзо, но детално развивање на настаните и неверојатни локации. Вие уште од првата сцена ќе бидете „фрлени“ во центарот на акцијата, а тоа ќе продолжи да се случува во текот на целиот филм, правејќи ви чувство како навистина да сте таму. Да не заборавам да ја спомнам и музиката која ја надополнува целата драма во приказна. Но она што најмногу се издвојува кај овој филм е фасцинантната глума на актерот Дилан Обрајан.