Науката вели дека мора да се наспиете за да имате подобар живот

Науката вели дека мора да се наспиете за да имате подобар живот

Ако вечерта не сте спиеле добро, голема е веројатноста да ви се расипе целиот ден. Па штом квалитетот на спиењето може да влијае на вашиот ден, колку всушност е важно за вашето здравје?

Catching up on her beauty sleep

Научниците утврдиле дека не парите, туку спиењето го контролира квалитетот на вашиот живот. Едно истражување спроведено од научници во Оксфорд замолило 8.250 жители на Велика Британија да пополнат анкета која се фокусирала на 8-те столбови на здравјето. Од 8-те столбови, во кои биле вклучени сексуалниот живот, работната сигурност и љубовната врска, спиењето имало најголемо влијание за тоа дали животот на испитаниците бил добар.

Со помалку од 6 часа сон се зголемува ризикот од болести

Во едно истражување од 2010 година се оценувал квалитетот и должината на сонот на 525 средовечни испитаници. Резултатите покажале дека недостатокот на сон го зголемува производството на хормоните што предизвикуваат воспаленија и ја намалува функционалноста на крвните садови. Воспаленијата можат да водат до многу други здравствени проблеми како дијабетес, проблеми со срцето и мозочен удар.

Потребни се од 6 до 8 часа сон

Рејмонд Џин, доктор од Њујорк изјавил:

„Спиењето сигурно го намалува нивото на стрес, а со тоа луѓето имаат поголема контрола над нивниот крвен притисок. Исто така се верува дека спиењето има влијание на нивото на холестерол, кој пак има голема улога во здравјето на срцето.“

Доволното количество сон ги регулира хемикалиите во мозокот за „добро чувство“ како што се допамин и серотонин. Тие ви помагаат да се чувствувате наполнето, свежо, па дури и со повеќе самодоверба. Колку подобро се чувствувате толку е помала веројатноста дека стресните ситуации ќе имаат влијание на вас.

Но, премногу спиење може да доведе до друга низа проблеми

Сигурно и вие сте уживале во вашите тинејџерски денови кога сте спиеле со часови и целиот ден сте го поминувале со пижами. Но, толку многу спиење не е добро за вашето здравје. Експертот за спиење, Келси Даун, изјавила:

„Ако спиете премногу, тоа може да биде знак дека не се одморате доволно поради некој здравствен проблем, како на пример гушење во сон или пак депресија. Премногу спиење може да предизвика анксиозност, летаргија и намалена когнитивна функција.“

Премногу или премалку од што било никогаш не е добро за вашето здравје. Препорачаните 6-8 часа се она кон коешто треба да целите. Па, погледнете го вашиот распоред и направете место за спиење. Не мора секоја вечер да спиете исто. Нормално е понекогаш да се превртувате до доцна, а наредната вечер да спиете одлично. Можеби новата епизода која сакавте да ја изгледате вечерва сепак не е толку важна.

Погледнете и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар