13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

Сите знаеме дека постојат многу чувствителни луѓе, но какви се тие навистина? Иако, на прв поглед делува како овие луѓе да се поемотивни од останатите, работите не се баш такви какви што изгледаат. Најчувствителните луѓе освен што се емотивни, поседуваат и голема интуиција и емпатија. Само 20% од луѓето во светот се одликуваат со оваа особина. Можеби сметате дека оваа карактеристика е негативна, но тоа воопшто не е така. Напротив, оваа особина е еден вид супермоќ што им овозможува на чувствителните луѓе да забележуваат и чувствуваат работи што останатите не можат да ги забележат. Во продолжение дознајте за што станува збор…

13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

1. Неволја

Незгодните ситуации обично се случуваат ненадејно и ги „фаќаат“ повеќето луѓе неподготвени. Тоа не важи и за најчувствителните поединци! Тие ја „намирисуваат“ неволјата уште пред да се случи. Останатите можеби на почетокот се сомневаат во нив, но со текот на времето се обелоденува вистината. Тие имаат силна интуиција за нештата што им се случуваат, особено за негативните.

2. Необичен звук

Кај најчувствителните луѓе не се изразени само чувствата и емоциите. Тие исто така имаат развиени сетила за сите дразби околу нив, вклучувајќи ги и звуците. Кога ќе започне некој чуден звук, без разлика дали станува збор за расипан фрижидер или гласен врисок, емотивните поединци веднаш ќе го чујат.

3. Хемикалии

Дали имате пријател кој веднаш штом ќе стапне во вашиот дом може да препознае што сте чистеле и кое средство сте го користеле? Ако одговоривте потврдно, треба да знаете дека се работи за многу чувствителна личност. Многу емотивни луѓе ги чистат домовите со природни производи, бидејќи мирисот од хемиските средства за чистење им пречи, па дури и им создава мачнина. Истото важи за бензинот и за другите хемикалии со силен мирис.

4. Нељубезен поттекст

На многумина им требаат повеќе сигнали за да сфатат дека некој им дал нељубезна забелешка, но чувствителните поединци веднаш го забележуваат тоа.

5. Иритирачки звуци

Сите иритирачки звуци како што се кликање на пенкалото и гласно џвакање на храната, ги полудуваат чувствителните луѓе уште пред да ги забележат останатите.

6. Промени на температурата

Најчесто не ни влијаат малите промени во температурата. Но, најчувствителните луѓе можат да ја почувствуваат и најмалата промена од топло во ладно и обратно.

7. Тага

На најголемиот дел од луѓето им треба повеќе време за да забележат дека некој е тажен. Меѓутоа, најчувствителните поединци ја чувствуваат тагата веднаш што ќе се најдат во близина на несреќен човек.

13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

8. Премногу отворени простори

Иако повеќето од нас не забележуваат колку е отворен некој простор, чувствителните луѓе го забележуваат тоа. Ова се случува, бидејќи нивните сетила се изложени на преголема стимулација како последица на премногу отворениот простор.

9. Уметност

Сте чуле некогаш за Стендаловиот синдром? Тој се случува кога некој човек е толку обземен со уметноста што буквално не може да прави ништо друго, како последица од интензивните чувства кон одредено дело. Најчувствителните луѓе можат да забележат ремек-дело многу порано од останатите.

10. Љубов

И покрај тоа што некои парови не сакаат да откриваат многу работи за нивните врски, тоа не им успева со најчувствителните луѓе, бидејќи тие го чувствуваат интензитетот на љубовта дури и пред самите партнери.

11. Болка

Сите имаат одреден праг на толеранција на болка, но тој кај чувствителните луѓе е многу низок. Токму поради тоа, овие луѓе ја забележуваат болката пред останатите.

12. Страшна тема во филм или место

Страшните книги, филмови и ситуации не се за најчувствителните луѓе, бидејќи сензацијата што ја доживуваат е премногу силна. Тие ќе забележуваат скриените ужаси во целата содржина, што многумина од нас најверојатно би ги пропуштиле.

13. Силна светлина

Исто како што звуците и мирисите им влијаат на чувствителните луѓе, така и светлината има интензивно влијание на нив. Ако светлото е премногу светло или темно, најчувствителните луѓе веднаш го забележуваат тоа пред останатите.

Прочитајте ги и следниве 10 супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар