Лутина, себичност и безброј тајни: Знаци кои откриваат несреќно омажена жена

Сподели

Скоро секоја жена, порано или подоцна, сака да стапи во брак. Без разлика дали сте омажени или не, сигурно веќе знаете дека бракот не значи и сигурна среќа. Секако, постојат среќни бракови, но постојат и многу несреќно омажени жени. Некои од нив го кажуваат тоа јавно, но некои баш и не се подготвени да го признаат тоа на својот партнер, а понекогаш ниту на самите себе. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат на тоа дека жената е незадоволна во бракот, а еве кои се тие.

Реклама

rn

1. Помалку зборува

rnКога жената ќе ја намали комуникацијата со сопругот или ќе ја сведе на минимум, тоа дефинитивно е знак дека нешто ја мачи.rn

2. Брзо пламнува

rnНесреќните жени се секогаш на работ на своите нерви, па лесно избувнуваат дури и поради најмалите ситници.rn

3. Постојано е уморна

rnЕдно истражување открило дека жените во несреќни бракови имаат пониско ниво на хормонот кортизол, што како резултат, помеѓу останатото, предизвикува и хроничен замор.rn

4. Одбива секс

rnЖената која е несреќна во својот брак, често ќе ги избегнува допирите од страна на сопругот, особено оние меѓу чаршафите.

rn

5. Има свои тајни

rnВо бракот нема место за тајни, но штом тие ќе се појават, тоа значи дека некој е незадоволен.rn

6. Ја губи довербата

rnБракот се темели на меѓусебна доверба, а недостатокот на истата може да значи дека врската почнала да се распаѓа.rn

7. Не обрнува внимание

rnКога жената ќе го изгуби интересот за својот сопруг, тогаш не може ни да биде среќна со него.rn

8. Има нови интереси

rnАко жената постојано бара нови причини за да биде што е можно подалеку од својот сопруг, од хоби до излегување со пријателките, тогаш во тој брак нешто не е во ред.

rn

9. Размислува само за себе

rnЖените кои се несреќни во бракот често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат поважни, а за желбите и потребите на партнерот воопшто не им е грижа.rn

10. Го менуваат изгледот

rnНенадејната промена на бојата на коса, фризурата или начинот на облекување може да бидат знак дека жената е несреќна во својот брак и дека е подготвена да сврти нова страница во својот живот.

Пред да го кажете судбоносното „да“, погледнете кои причини се погрешни за стапување во брак.

Популарно

Може ќе ве интересира