Дали некогаш сте се разбудиле за да вежбате целите поспани и сте помислиле дека навистина би ви годела доза кофеин? Доколку одговоривте потврдно, сигурно ќе ви се допаднат најновите откритија. Според едно истражување спроведено од страна на професор по физиологија на Универзитетот во Сао Паоло, постои научно докажана врска помеѓу кофеинот и ефективните вежби.rnrn
rnrnПрофесорот Бруно Гвалано решил да ја тестира оваа теорија бидејќи многу сакал да вежба, но и да пие кафе. Така, тој собрал група машки велосипедисти и ги поделил во групи врз основа на тоа колку кафе имале испиено. Потоа ги тестирал во три различни ситуации: Кога немале внесено кофеин, кога примиле плацебо и кога испиле апче со 400 милиграма кофеин што е еднакво на 4 шолји кафе.rnrnГвалано ги добил очекуваните резултати. На испитаниците им била дадена посебна вежба чија цел била да согорат 450 калории. Резултатите покажале дека оние кои што земале вистинско кофеинско апче биле 3,3% побрзи од останатите.rnrnСпоред сето ова, можеме слободно да кажеме дека утринското кафе што го пиете пред да одите во салата за вежбање не само што ќе ви помогне да останете будни, туку и максимално да го искористите вашиот потенцијал за вежбање. Секако дека не треба да претерувате со пиењето кафе, но доколку оваа напивка е веќе дел од вашата секојдневна рутина, треба да знаете дека ви помага да остварите подобри резултати во теретаната.rnrnВо продолжение прочитајте уште едно истражување поврзано со тоа дали треба да пиеме кафе пред физичка активност.
Пиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањето
