5 забавни загатки што само најострите умови ќе можат да ги решат

5 забавни загатки што само најострите умови ќе можат да ги решат

Некои загатки и задачи не се решаваат со комплицирани пресметки. За некои од нив доволно е да поседувате остроумност и општи познавања. Следниве 5 загатки иако се многу едноставни, ќе можете да ги решите само доколку сте досетливи. Уживајте во оваа забавна активност што несомнено ќе ви ги освежи мозочните функции…

5 забавни загатки што само најострите умови ќе можат да ги решат

Загатка број 1

Како може џебовите од панталоните да бидат празни, а сепак да има нешто во нив?

  • Одговор

    Има дупка во празниот џеб.

Загатка број 2

Еден човек бил роден во 1995. Денес, тој има 33 години. Како е тоа можно?

  • Одговор

    1995 е бројот на собата од болницата, а не годината кога е роден.

Загатка број 3

Во 1990 година, еден човек имал 15 години. Во 1995, истиот човек имал 10 години. Како е тоа можно?

  • Одговор

    Човекот бил роден во 2005 година п.н.е. Па така, тој имал 10 години во 1995 година п.н.е., а 15 во 1990 година п.н.е.

Загатка број 4

Мајка ми е хемичарка, а татко ми математичар. Тие ми го дадоа прекарот Железо59. Како се викам?

  • Одговор

    Се викам Феликс (Felix). Во периодичниот систем, хемискиот симбол за железо е Fe, a LIX се римските бројки за 59.

Загатка број 5

5 забавни загатки што само најострите умови ќе можат да ги решат

Се наоѓате во зандана и имате доволно храна и вода за 3 дена. Има 3 врати.

Првата води кон ѕид од оган висок 5 метри.

Втората води кон поларна мечка со мало мече.

Третата води кон езеро со гладни крокодили.

Која врата треба да ја отворите за да излезете на слобода?

  • Одговор

    Треба да ја одберете првата врата. Мечката ќе се обиде да го заштити мечето, дури и да ѝ ја понудите вашата храна. Не може секој да плива во езеро со крокодили. Треба да ја употребите кофата за да го изгаснете огнот со водата од езерото и да им го одвлечете вниманието на крокодилите со вашата храна.

Доколку ви се допаднаа овие задачи, обидете се да ги решите и следниве интересни детски загатки кои можат да ги збунат дури и зрелите возрасни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар