Интересни нови студии покажуваат дека момците и девојките кои имаат силна љубов кон себе и кои се задоволни со својот физички изглед, едноставно не го сакаат своето лице на фотографиите и секогаш се незадоволни со селфињата.rnrn
rnrnПостои стереотип кој вели дека нарцисите се секогаш уверени во својата атрактивност, толку многу што едноставно не постои ниту една фотографија на која не си се допаѓаат. Меѓутоа, психолозите велат дека ова не е точно, туку дека вистината е сосема спротивна.rnrnТие открија дека оние со изразен нарцизам не сакаат постојано да го гледаат сопствениот одраз во огледалото. Баш напротив, луѓето кои се заљубени во себе и кои се сигурни во својот физички изглед, чувствуваат намалување на самодовербата кога ќе го видат својот одраз. Делува како парадокс, но тие како никогаш да не се задоволни со себе кога се гледаат од другата страна.rnrnОва се случува бидејќи луѓето кои се заљубени во себе и во својот сопствен изглед сметаат дека се поубави отколку што се во реалноста. Тие се идеализираат себеси, замислувајќи се многу поатрактивно одошто кога се гледаат во огледалото или на фотографиите и едноставно не им се допаѓа кога ќе се соочат со реалноста.rnrnПа, што гледате вие кога се гледате во огледало или на фотографии?
Сметате дека сте фотогенични или не? Ова може да открие дали сте нарциси, но не на начинот што мислите!
