Многу Македонци сонуваат за тоа да живеат во странство со оглед на економските, политичките и здравствените услови во нашата земја. Доколку сакате да „побегнете“, но немате идеја каде, можеби најновиот извештај ќе ви помогне.
Глобалната мрежа InterNations, што им помага на иселениците да се поврзат едни со други, пред некое време го објавила годишното истражување кое открива кои се најдобрите земји за живот и работа во странство. Компанијата испитала повеќе од 12.500 иселеници од 188 различни земји за да ги рангира нивните нови домови во 5 категории: животен квалитет, потешкотии при вселување и снаоѓање, работа, семеен живот и финансии. За секоја категорија, испитаниците ги оцениле земјите во кои се вселиле според 43 поспецифични фактори, како што се чувство на безбедност и леснотија при стекнување пријатели.
Конечните резултати најверојатно ќе ве изненадат! Секако дека постојат и други извори со различни мислења, но и ова е добар почеток. Во продолжение прочитајте кои се 10-те најдобри места за живеење во странство според иселениците…rn
10. Шпанија
rnШпанија се нашла во првите 10 поради големиот избор на активности што можете да ги правите во слободно време и 9 од 10 испитаници изјавиле дека се генерално задоволни од животот таму.rn
9. Сингапур
rnИселениците велат дека се чувствуваат многу безбедно во Сингапур и дека е особено лесно да се најде квалитетно образование за децата.rn
8. Колумбија
rnБезбедноста е проблематична во некои области, но генерално Колумбијците се многу гостопримливи. Испитаниците изјавиле дека лесно е да се најде работа и живеалиште таму.rn
7. Малта
rnМалта добила високи оценки кога станува збор за работа и безбедност, иако иселениците изјавиле дека помалку заработуваат на островот одошто би заработувале кога би имале слична работа во други земји.rn
6. Нов Зеланд
rnНов Зеланд се наоѓа на високо место поради постојаната рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Иселениците велат дека тука работат помалку часови неделно за разлика од иселениците во други земји.
Продолжете на следната страница за останатите земји…

