КАФЕ ПАУЗА

Зошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?

Зошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?

Дали некогаш сте виделе пар каде дечкото и девојката воопшто не си одговараат еден со друг? Ви се случило ли да излегувате со некој кој не ви се допаѓа и ни малку не е блиску до вашите критериуми? Да, ни се случило на сите нас. Еве зошто некогаш девојките излегуваат со момци кои не им се допаѓаат вистински.rnrnЗошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?rn

Здодевно ви е

rnСакате да излегувате и да се забавувате а тој ви го нуди потребното внимание. Па што?rn

Сите ваши пријателки имаат дечковци

rnИскрено, тешко е да бидете тринаесетто прасе. Постојано ги гледате вашите вљубени другарки и сакате и вие некој покрај себе. Подготвени сте да се задоволите со некој кој не ги исполнува вашите критериуми.rn

Сексот е одличен

rnИ во тој случај ќе му простите што не изгледа како Рајан Гослинг.rn

Загрижени сте дека вашите стандарди и критериуми се превисоки

rnПа можеби треба да се задоволите со нешто помалку од вашето замислено совршенство.rn

Тој е премногу љубезен

rnТолку е добар, прави сè како што треба. Каде ќе најдете некој кој ќе ве третира така? А дури и да сакате да не излегувате повеќе, ќе ви биде жал да му раскинете на толку добро момче.rn

Неговото тело е како извајано

rnОК, можеби нема лице на фотомодел ама неговите стомачни…rn

Свесни сте дека нема да биде вашиот иден сопруг, па не се грижите многу

rnСе забавувате и не се грижите бидејќи знаете дека е само минлива фаза во вашиот живот.rn

Ви го разубавува денот

rnЗнае да ве насмее и расположи дури и кога сте депресивни.rn

Смачено ви е од излегувања и трагање по вистинскиот

rnБарањето партнер може да биде тешко. Треба повторно да се впуштате во морето со луди ајкули и да се трудите да го најдете вашиот тип.rnrnСепак, не заборавајте дека колку и да ви е забавно и која и да е причината поради кој излегувате со него иако не ви се допаѓа, бидете подготвени да ставите крај. Таквата врска нема да ве исполнува и вие заслужувате многу повеќе од тоа.