Не сите луѓе се родени со извонредна смисла за хумор, а доколку беа, светот можеби би бил и малку досаден. Луѓето родени во одредени хороскопски знаци баш и не се за шеги. Од друга страна, пак, убаво е да бидете во друштво на човек кој има смисла за хумор, а некои дури признаваат дека тоа на нив делува како афродизијак. Ако не сте помеѓу нив, не очајувајте, сигурно имате други особини кои оние хумористичните ги немаат.rnrn
rn
Рак
rnЛуѓето родени во овој знак се познати по малку мајчинскиот начин на интеракција со другите, но понекогаш токму тоа ја спречува секоја шанса и способност да се насмеат. Вистина, животот бара сериозност, но не секогаш. Животот без смеа всушност е многу лош, досаден и несреќен. Смејте се, од тоа можете само да се чувствувате подобро.rn
Скорпија
rnТие се тежок тип луѓе, барем некои така тврдат. Кај Скорпиите никогаш не знаете што им се мота низ глава, тешко е да ги прочитате. Тие понекогаш знаат воопшто да не се насмеат дури и кога вие сте многу смешни и сите други „умираат“ од смеење. Кога ќе се обидат да се шегуваат, тоа знае да биде малку злобно и не премногу хумористично. За нив најдобро е да се дружат со други Скорпии, бидејќи имаат иста смисла за хумор (односно ја немаат), па добро ќе се разбираат.rn
Стрелец
rnНе постои ништо полошо од луѓето кои копнеат да бидат во центарот на вниманието, уверени се дека им се многу смешни на другите, а всушност не се. Такви се Стрелците! Но, тие не се лоши и треба да ги прифатите такви какви што се, а понекогаш тоа може да биде симпатично. Тие би сакале да бидат хумористични, но тоа едноставно не им оди.rnrn
rn
Јарец
rnЗа луѓето од овој знак велат дека се студени затоа што се родени во најстудената доба од годината, барем во нашие краеви. Тоа студенило се проширува и на нивната смисла за хумор – смрзната, и всушност ја нема. Тие и не сакаат премногу да се забавуваат во животот, па некако им прилега тоа што не се хумористични.rn
Девица
rnОриентирани на деталите, луѓето родени во овој знак ѝ посветуваат премногу внимание на секоја ситница за да би имале многу смисла за хумор. Не е дека не сакаат или дека не им е важно, но едноставно не се хумористични. Нивната педантна природа е совршена за некои други работи, како на пример за детективска работа, но за шеги не е.rn
Овен
rnИако не се толку тврдоглави како Биковите, дозата на тврдоглавост кај луѓето родени во знакот Овен е доволна за да не сфатат шега. Тоа е малку тажно, бидејќи по природа се родени лидери и сакаат да бидат главни. Би било супер кога би можеле почесто да ги смеат луѓето околу себе, но тоа можеби сепак е премногу за нив.rnrnДоколку се пронајдовте на листата, а не се согласувате со тоа, погледнете кои знаци откриваат дека имате смисла за хумор.