Нумеролошка прогноза за септември: Не им дозволувајте на ситниците да ве исфрлат од колосек!
Септември 2017 година е месец во кој е многу важно да прифаќате мудри совети. Дозволете им на другите да ви помогнат, но и вие помагајте им на луѓето доколку го побараат тоа од вас. Почнете го месецот со желба да тргнете во нова насока.
На професионален план, месецов ќе треба да ја анализирате сопствената личност и да ги побарате одговорите што се кријат во вас самите. Размислете за вашите успеси, но и за работите што не ви донеле позитивни резултати. Направете подобар бизнис план или поинаков концепт за работата. Така ќе можете да донесете одлуки од пресудно значење за понатамошниот успех во кариерата.
Што се однесува до емотивните односи, овој период нема да бидете задоволни со некакви површни врски и недостаток на вистински емоции. Прекинете ги врските што не ве задоволуваат и исполнуваат, колку и да ви е тешко да го сторите тоа. Понекогаш осаменоста е поквалитетна од погрешната врска.
Септември со себе носи мала тензија кога се во прашање органите за варење. Имено, поради промените на времето може да дојде до иритација на слузокожата на дигестивните органи. Одбегнувајте ги екстремните диети.
Во продолжение, прочитајте го вашиот септемвриски биоритам:
Биоритам = денот + месецот на раѓање
На пример, доколку сте родени на 23.12, вашиот биоритам ќе можете да го пресметате на следниов начин:
2 + 3 + 1 + 2 = 8
Го пресметавте вашиот биоритам? Тогаш, прочитајте што ве очекува во септември…
Биоритам 1
Ова може да биде долг месец за вас, особено кога се во прашање финансиите. Во септември ве очекуваат настани на кои нема да можете да влијаете. Не ви преостанува ништо друго освен да ги прифатите работите онакви какви што се.
Биоритам 2
Бидете внимателни и водете сметка да не направите нешто што би можело дополнително да ве вознемири и да ви донесе незадоволство. Сега сте поемотивни, па затоа дозволете ѝ на интуицијата да ве води.
Биоритам 3
Месецов ќе можете да решите некои важни деловни прашања, како што се финансиите или реновирањето на домот. Во секој случај, внимавајте да не трошите премногу енергија.
Биоритам 4
Би било добро доколку можете да одите на некое кратко патување или одмор. Тоа би ви годело по претходниот напорен месец. Периодов е поволен за остварување нови деловни соработки.
Биоритам 5
Ова е добар период за да се посветите на некои ваши лични неостварени желби. Ќе успеете да воспоставите хармонија во вашиот приватен живот. Одете на некои прегледи за да бидете мирни, бидејќи семејните обврски ве исцрпуваат.
Биоритам 6
Враќањата во минатото, од кое не можете да се ослободите, ќе ви донесе напнатост и нервоза. Не им дозволувајте на ситниците и безначајните работи да ве исфрлат од колосек. На работа постои можност за конфликти со колегите.
Биоритам 7
Ќе имате прилика да се обновите и да се наполните со позитивна енергија. Ќе успеете да ги вратите долговите и ќе имате прилив на пари. Овој период ќе ви донесе мир и спокој.
Биоритам 8
Овој месец одвојте ги добрите од неповолните работи. Ќе имате и сила и можност за да го сторите тоа. Искористете ги позитивните вибрации за да воспоставите рамнотежа во вашиот живот.
Биоритам 9
Енергиите со кои сте опкружени ви одат во прилог. Ќе донесете правилни одлуки за наредната година, но и за следниот 9-годишен циклус. Иако малку потешко ги прифаќате промените, вашата упорност ќе ви помогне да остварите сѐ што ќе посакате.
Доколку се интересирате за нумерологија, дознајте што открива личниот број за вашиот карактер.