Понекогаш целиот ден мечтаете за моментот кога ќе легнете да спиете, но кога ќе дојде време за тоа, со часови лежите и се превртувате со отворени очи. Стресните ситуации од секојдневието го прават ова чест проблем кај илјадници луѓе. Па, ако имате вакво искуство, обидете се да примените некои од идеите подолу. Секоја од нив е докажано дека помага добро да се наспиете навечер, а следното утро да се чувствувате енергично и свежо.rnrn
rn
1. Јадете храна богата со магнезиум
rnИстражувањата покажуваат дека магнезиумот игра клучна улога во нашата способност да спиеме во текот на ноќта. Обидете се да јадете храна богата со магнезиум како семки од тиква или спанаќ. Или земете магнезиум како додаток во исхраната, половина час пред легнување.rn
2. Преспијте во текот на денот
rn10 до 30 минути попладневна дремка е одлична за да обезбедите добар сон во текот на ноќта. Ако дневното спиење е подолго, постои ризик да навлезете во подлабоките фази на спиењето, па откако ќе се разбудите ќе се чувствувате збунето и дезориентирано.rn
3. Користете ја вашата спална само за спиење и релаксација
rnКреветот користете го само за активности поврзани со спиењето и релаксација, па така мозокот ќе ја поврзе спалната соба со одмор и опуштање. Спиење и секс, да. Работа и сметки, во никој случај не.rn
4. Одржувајте ја температурата во вашата спална соба
rnИдеална температура е помеѓу 15 и 23 степени. Соба со поекстремни температури води до чести будења во текот на ноќта и немирен сон.rn
5. Истуширајте се со врела вода пред легнување
rnОва помага при опуштање на мозокот, додека промената на температурата на телото доведува до поспаност.rn
6. Одредете време за будење
rnИсто како што е важно да легнувате секој ден во исто време, добра е идејата и секој ден да се будите во исто време, па дури и за викендите. Нерегуларното време на легнување и станување ја нарушува рутината во спиењето.rn
7. Надоместете за изгубеното време за спиење
rnПоследните неколку вечери сте останале до доцна? Тогаш вечерва отспијте еден час повеќе за да надоместите за изгубеното време за спиење и да се вратите во нормала.rn
8. Не превртувајте се залудно
rnАко не можете да заспиете и лежите будни во креветот повеќе од 20 минути, станете и почнете со некоја едноставна активност која ќе ве релаксира, како читање или слушање весела музика. Размислувањето дека не можете да заспиете само ја зголемува анксиозноста и влегувате во маѓепсан круг од кој подоцна тешко се излегува.rn
9. Проверете ги препишаните лекарства
rnОдредени лекови можеби го нарушуваат вашето спиење. Сметате дека препишаните лекови се виновни за бессоните ноќи? Разговарајте со вашиот доктор за можните несакани ефекти и како да се справите со нив.rn
10. Ставете го будилникот настрана
rnГледањето во бројките или стрелките од будилникот може само да предизвика дополнителен стрес и така потешко ќе заспиете. Исто така, вештачките светла од електронските уреди го нарушуваат биоритамот на деноноќието.rn
11. Помирисајте лаванда
rnОвој мирис всушност може да биде и лек за инсомнија. Обидете се да најдете миризливи свеќи или есенцијални масла со мирис на лаванда за полесно да заспиете.rn
12. Обидете се со прогресивна мускулна релаксација
rnПочнете од стапалата, со затегнување на мускулите. Избројте до 5, па опуштете се. Правете го ова со секоја мускулна група од телото, од стапалата па сè до главата. Вежбите во комбинација со медитација кои се фокусираат на дишењето исто така можат да ви помогнат полесно да заспиете.rn
13. Намалете го светлото
rnСилната светлина, поточно сината светлина која ја емитираат повеќето електронски уреди го нарушува спиењето.rn
14. Излегувајте почесто на чист воздух и сончева светлина
rnИзложувањето на дневна светлина помага во регулацијата на телесниот часовник, а со тоа и на времето за спиење.rn
15. Пијте топли пијалаци
rnМожеби не е медицински докажано дека чаша топол пијалак помага полесно да заспиете, но сепак релаксацијата која ја доживувате откако ќе испиете една шолја топло млеко, чоколадо или чај, без сомнение ќе ви помогне побрзо да заспиете.