Еден-нула за дамите: Жените се поиздржливи од мажите!

Еден-нула за дамите: Жените се поиздржливи од мажите!

Не е никаква тајна тоа дека мажите имаат поинаква градба од жените и обично се и физички посилни. Меѓутоа, истражувањата кои тврдат дека жените имаат поголема мускулна издржливост од мажите ќе можат да воспостават полова рамноправност на терените еднаш засекогаш!

Еден-нула за дамите: Жените се поиздржливи од мажите!

Имено, истражувачите побарале од 8 мажи и 9 жени на приближна возраст и со слична физичка подготвеност да направат вежби за истегнување на стапалото што ги вклучувале мускулите во задниот дел од ногата кои се користат за секојдневните активности како што се стоење и одење.

На почетокот, момците биле побрзи и помоќни. Но, тие се измориле многу побрзо од дамите, што има логика, бидејќи жените чувствуваат помал умор за разлика од мажите по активности кои бараат издржливост како што се трчање на трака (и покрај тоа што мажите завршуваат побрзо).

„Иако ова најново истражување е мало и се однесува само на една мускулна група кај двата група, тоа сепак докажа дека жените се поиздржливи од мажите. Несомнено е дека и двата пола поседуваат физички способности што не се за потценување“, изјавил авторот на истражувањето.

Гледате? Сите сме победници!

Драги дами, сега откако ве мотивиравме да почнете со вежбање, погледнете ги овие 15-минутни вежби за цврсти стомачни мускули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар