Кога помислуваме на свадбите на славни личности, обично прво ги замислуваме прекрасните венчаници на дамите.rnrn
rnrnСепак, постојат и познати дами кои се венчале во поедноставни модели на фустани. Актерката Кира Најтли го изговорила судбоносното „да“ со музичарот Џејмс Рајтон во 2013 година. Парот се одлучил за мала цивилна церемонија што се одржала во Франција.rnrn
rnrnЕдноставната свадба била проследена и со едноставен код на облекување. Кира се омажила во „миди фустан“ од модната куќа Шанел, која за првпат го носела во 2008 година, пред доделувањето на наградата BAFTA на забава на која присуствувала со тогашниот партнер, актерот Руперт Френд. По свадбата, таа го носела овој фустан на црвениот тепих во неколку други прилики.rnrn
rnrnАмал Клуни ги воодушевила модните критичари со нејзиниот избор за цивилната венчавка во Венеција. Адвокатката се омажила со Џорџ Клуни во елегантен бел комплет со темносини детали и шешир во истите нијанси.rnrn
rnrnЕдна од најлегендарните комбинации за венчавка е секако онаа што Бјанка Џегер ја носела во 1971 година. Таа се омажила за Мик Џегер во 1971 година во долго бело здолниште, сако и голем шешир, а нејзиниот избор се нашол на списокот на списанието „Vogue“ со најдобрите венчаници на сите времиња.rnrn
rnrnПогледнете ги и преостанатите фотографии од славните личности и нивните „необични венчаници“.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и за Дизни кој ја создаде првата колекција венчаници инспирирана од нивните принцези.
Дури и без венчаница: 12 (не)обични комбинации во кои се венчале славните дами
