7 знаци дека добивате космички информации кои не треба да ги игнорирате

7 знаци дека добивате космички информации кои не треба да ги игнорирате

Вашиот мозок не е само фабрика за мисли, тој исто така и ги прима. Космичката информација е секаде околу нас. Ние на некој начин сме делчиња од оваа космичка информација. Нашиот живот може да нè тргне од целта која сме ја имале, па космичката интелигенција ни праќа пораки со цел да нè врати назад. Но, многу луѓе не се свесни дека ги добиваат овие пораки, па еве ги 7-те знаци кои го покажуваат тоа.

7-znaci-deka-dobivate-kosmichki-informacii-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-kafepauza.mk

1. Ненадејна инспирација

Инспирацијата е ментална стимулација да направите и да создадете нешто. Најчесто се појавува кога сте концентрирани на тема која ви е интересна. Ненадејната инспирација е знак за космичка информација бидејќи сте ментално стимулирани да направите нешто што ќе ве врати на вашиот пат.

2. Соништа

Според некои легенди, дел од вашата душа оди во друг свет за време на сонувањето. Ова е светот на соништата, свет помеѓу вашиот несвесен ум и реалноста. Таму можете да добиете многу важни пораки и од вашата потсвест, и од космичката интелигенција. Соништата во кои имате нови идеи и совети за работи кои е невозможно да ги знаете, се знак за космичка информација.

3. Потсвесен сигнал

Дали ви се има случено да гледате филм кој ќе ви одговори некое прашање? Или да слушате песна која ќе ви го каже она што сакате да го слушнете? Овие примери се обид на космичката интелигенција да комуницира со вас, па слушајте внимателно.

4. Тежнеење кон некоја идеја

Можеби ја пишувате вашата книга, или гледате некоја нова серија, но што и да правите има некоја идеја која постојано ви е во главата. Ова е знак дека космичката интелигенција се обидува да ви го привлече вниманието кон нешто што е навистина важно.

5. Геометрија

Велат дека геометријата е јазикот на универзумот. Постојат одредени форми кои се наречени свети, а овие форми носат моќни пораки за секоја личност. Ако постојано ви се појавува некоја форма, без разлика дали е света или не, тоа е порака која треба да ја протолкувате.

6. Наплив на емоции

Информациите не доаѓаат само како мисли, понекогаш тие се апстрактни и емоционални. Ако имате наплив на емоции, тоа може да биде од неколку причини. Но овие емоции придружени со јасност и мотивација сигурно се некоја космичка порака.

7. Љубов

Чувството на љубов, без некоја особена причина, е можеби најубавата состојба во која можете да бидете. Понекогаш ова сознание за безусловна љубов се појавува ненадејно, па дури не ни знаете што се случува. Само знаете дека ги сакате сите околу вас. Ова е сигурен знак за космичка информација.

Прочитајте ги и овие 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар