Врските бараат многу работа и не можат да опстанат ако е задоволена само едната страна. Важно е партнерите да пронајдат компромис и да ги прилагодат своите животи. Љубовта не е најважното нешто во една врска, потребно е и време и внимание со цел таа да опстане. Но некои луѓе можеби се плашат да побараат одредени работи од партнерот. Погледнете кои работи не треба да се плашите да ги побарате во врската доколку сакате таа да биде успешна.
rn
1. Внимание
rnЗа врската да функционира потребно е партнерите да бидат достапни еден за друг. Мора да бидете подготвени да ги ислушате проблемите на партнерот и заедно да најдете решение. Комуникацијата е клучна за функционална врска.rn
2. Посветеност
rnНајдобрите работи во животот никогаш не се добиваат туку-така, вие треба да се борите за нив. Ако сакате да го поминете вашиот живот со партнерот, треба навистина да му се посветите.rn
3. Емпатија
rnЕмоциите може да бидат навистина комплексни и понекогаш да ве надвладеат. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно кога ќе станете премногу емоционални, но партнерот не треба да спаѓа во таа група. Вашиот партнер треба да биде способен да ве сфати и да се обиде да ви помогне.rn
4. Разбирање
rnВрската е еден вид тим. Мора да внимавате на вашиот партнер. За ова е потребно многу трпение и грижа и треба секогаш да бидете овде еден за друг.rn
5. Спонтаност
rnВрската може да стане здодевна со текот на времето, па и двајцата треба да ја цените едноставноста, но и да одите на заеднички авантури.
Имате апсолутно право да ги поставите и овие 15 барања во вашата љубовна врска!

