Не заборавајте дека сте посебни со самото ваше раѓање. И токму како таква единка на овој свет го заслужувате најдоброто. Не се согласувајте на просечно, бидејќи драги наши, вие не сте зли, ниту грозни жени ако…rnrn
rn
1. Сакате некого кој ќе ве разгали
rnНе очекувате да ви пали свеќи секоја вечер и да го посипе креветот со ливчиња од ружи, но секако очекувате да не престане да се труди околу вас, дури и ако тоа подразбира да ве слуша како зборувате за вашиот ден.rn
2. Сакате некого кој ќе мисли дека сте прекрасни
rnНе сакате да ве обожава како да сте кралица. Но, доколку е во врска со вас, би требало да биде импресиониран со вас. Треба да смета дека е вистински среќник што ве има.rn
3. Сакате некого кој прв ќе ви испраќа пораки
rnНе можете секогаш да бидете во неговите мисли, но ако не помисли на вас цел ден, тогаш нешто сигурно не е во ред. Не би требало први да му се јавите во текот на денот.rn
4. Сакате некого кој ви е физички привлечен
rnТој не мора да изгледа како модел од насловна страна од списание, но треба да ви биде привлечен. Ако нема сексуална привлечност, нема ни надеж за врската.rn
5. Сакате некого кој има перспективна иднина
rnНе мора да биде вработен во некоја позната фирма и да има голема плата. Но, ако нема пристојна работа, ниту желба да ја пронајде истата, малку е веројатно дека ќе направи нешто од својот живот.rnrn
rn
6. Сакате некого кој не погледнува други жени
rnТоа што барате да сте единствена жена која тој ја посакува не ве прави алчни. Ако сакате моногамна врска, пронајдете маж кој го споделува вашето мислење на оваа тема.rn
7. Сакате некого поради кого ќе се чувствувате секси
rnТој би требало да ве гледа како најсекси жена на светот. Поради него би требало да се чувствувате прекрасно и да заборавите на сите свои несигурности.rn
8. Сакате некого кој ќе троши пари на вас
rnТоа не значи дека мора да ја потроши целата плата на накит и цвеќе, но одвреме-навреме секако би требало нешто да ви купи. Тоа е најмалку што може да направи.rn
9. Сакате некого кој е спремен да се обврзи
rnАко сте завршиле со играњето игри, тогаш зголемете ги вашите стандарди. Престанете да бидете со мажи кои не сакаат да го дефинираат вашиот однос.rn
10. Сакате некого на кого ќе му бидете приоритет
rnВие не сте единствената жена во неговиот живот, но би требало да бидете најважната. Ако сте втора на листата најважни, можете веднаш да ги спакувате вашите работи и да заминете.rnrn
rn
11. Сакате некого кој е интелигентен
rnДоколку не можете да водите интелектуални дискусии со него, тогаш сте многу подобри од него. Со мажот би требало да бидете способни да разговарате за сè – од Мајли Сајрус до економските ситуации во светот.rn
12. Сакате некого кој се грижи за неговото тело
rnНе би требало да ги одбивате мажите кои имаат малку стомак, но доколку живеете активно, нормално е да сакате некого кој планинари или вози велосипед, подеднакво како вас.rn
13. Сакате некого кој се грижи за себе
rnНе би требало да бидете онаа која ги пере алиштата. Ако не е способен да ги здипли крпите, да измие чинија, тогаш не ви е потребен.rn
14. Сакате некого кој ќе му се допадне и на вашите пријатели
rnНавистина не е важно што некој мисли за вашето момче сè додека тој ви се допаѓа вам. Но, доколку имате богат социјален живот, би било поедноставно кога вашето момче би му се допаднало и на вашите пријатели. Значи, ако неговиот однос со вашата најдобра другарка е лош, тогаш понекогаш тоа е солидна причина за раскинување.rn
15. Сакате некого кој ќе ве почитува
rnАко ве пцуе или ве удира, оставете го! Потребен ви е некој кој ќе го почитува вашето тело и мислење. Некој кој ќе ве почитува вас како жена во целост.