Хороскопските знаци и исхраната за време на летните горештини
Не само што Сонцето е во своето седиште, во Лав, туку оваа година е и во огнената тројка. Марс е близу до Сонцето што уште повеќе ја зголемува неговата сила. Сатурн во Стрелец го подржува во таа стабилност и сувост, а Уран во Овен отвора пулсирачко делување. Или поедноставно, имаме горештина на квадрат. На многумина ништо не им се јаде, но да се јаде мора. Еве неколку предлози на храна која најдобро му одговара на вашиот знак во текот на летните горештини.
Овен
На огнениот знак во жешкиот период му е потребно нешто да го олади, но да биде едноставно и природно. Сезонското овошје е најдобар избор – особено за појадок. Лубеницата би била совршена. Во текот на денот одличен избор ќе биде лимонада, а приквечер скара од чисти парчиња месо со салата. После тоа следува задолжителната вечерна прошетка или некоја спортска активност. Алкохол не му е потребен, доволно е весел и без него.
Бик
Важно му е опкружувањето. Со задоволство би го поминал денот седејќи на столица со нозете во море. На масата пред него нека се менуваат разни деликатеси. На хедонистите сепак им се препорачува мера, па би било најдобро доколку се фокусираат на рибјото мени. Од пијалак може малку вино, но во разумни количини. Со трпезата задолжително мора да има пријатна музика. Со задоволство ќе слуша класика од квалитетни пејачи.
Близнаци
Не водат сметка што јадат, па затоа јадат сѐ. На Близнаците им е потребен ред. Во летните горештини се во состојба да изедат голема количина сладолед. Ќе ги испробаат сите вкусови и бои. Да не претераат, освен сладоледот, некои ќе изедат и ориз со зелена салата. Тоа ќе биде доволно за постојано движење помеѓу водата и копното. Од пијалаци ќе им одговара сангрија или шампањ.
Рак
Медитеранската храна со сите свои специјалитети, од утро до мрак може да го задоволува типичниот вкус на Ракот. Тука е задолжителното шише вино, а погледот кон морето во него буди чувство како да е дома. Може да ги помине летните денови заедно со своето семејство, или пак да фантазираат за оваа идеја додека е сам, со морето и шумот на брановите. Погледот обично му е насочен кон месечината во текот на долгите летни ноќи.
Лав
Најдобрите појадок, ручек и вечера за Лавот во текот на оваа година би бил мразот. Но, бидејќи тоа е невозможно, секој пијалак може да го збогати раскошното кристално парче мраз. Лавот ќе јаде сѐ што е шарено, вклучувајќи многу тропско овошје, разни купови сладолед и ексцентрични печења со мед. Нека избегнува ракија и нека избира поблаги пијалаци. После сѐ следува кафе. Да, Лавот не спие.
Девица
Бобинките се нејзиниот избор. Ги сака и семките, но бидејќи е топло таа одлучува да се фокусира на шумското овошје. Грозје, рибизли, малини, боровинки и слично, од утро до мрак. Нема да заборави да изеде и по некоја житарки, но одвоено од овошјето. Од пијалак сака природни, негазирани сокови или обична вода. Ќе се тушира во текот на целиот ден, бидејќи сака да биде уредна.
Вага
Вагата летната горештина ќе ја ублажи со лепеза. Со задоволство ќе се почести со лесни млечни напивки како што се кефир или јогурт. Од крута храна, ќе изеде овошни колачи или разни кремасти десерти кои, исто така, ќе бидат на овошна база. За појак оброк ќе избере тестенини со сос. Просторијата во која ќе јаде ќе изгледа фино, како слаткарница, со вазна и цвеќе на масата. За пијалак ќе избере слатко вино во висока чаша.
Скорпија
Скорпијата ќе ужива во сите видови енергетски напивки, кои може да бидат овошни или од зеленчук. Со задоволство ќе испие сок од домати. Индиската кујна за неа е сон, бидејќи е полна со лути и пикантни вкусови, а не е тешка. Затоа овде ќе се најде ориз со пикантни сосови, слатки топчиња од овошје или пак, пилешки ќебап со чили. Од алкохол може нешто малку жестоко. Но само една чаша.
Стрелец
Или ќе стави сѐ што ќе му дојде при рака во уста или баш ништо. Првите нека се сетат за умереноста кога ќе налета на шведска маса во хотел, а вторите барем нека зготват палента за вечера. Ниту пијалак нема да недостига, за првите ќе биде пиво со спортски преноси, а за вторите огромна количина изворска вода. Постојат и трети кои имаат фази, па ќе се менуваат на момент во првите, а потоа во вторите.
Јарец
Кога е доста жешко, тоа ќе му одговара на Јарецот, бидејќи по природа ја мрази зимата. Ќе ужива во медитеранската храна полевајќи маслиново масло и кога треба и кога не треба. Секоја риба ќе ја натопи со лимон, а нема да недостига ниту лук. На тоа ќе се надоврзи магдоносот, а домашното вино ќе го пие само со јадење. Кога е доста, за десерт ќе избере обичен колач.
Водолија
Водолијата сама ќе подготви пијалак со вкус како да е од друга планета за кој нема да се знае дали е солен или благ. Во секое јадење ќе стави огромни количини крупна морска сол. Ќе ги има и оние кои на сред лето ќе јадат колбаси со зелка, само за да бидат поразлични од сите останати. Водолијата со задоволство консумира јаткасти плодови.
Риби
Што ќе изедат Рибите, само тие знаат. Станува збор за мешавина од сѐ и сешто. Во превод, тука ќе се најдат мусака, јадења со школки и печурки за кои само тие знаат. Единствено е важно да не се затрујат. После доброто јадење кое секогаш е со шарени и сложени состојки, ќе следува коктел кој само Рибите знаат да го подготват. Честопати тоа е мешавина од разни алкохолни пијалаци и сокови. Само нека не претеруваат.
Сепак, никако немојте да заборавете на вежбањето и физиката активност, па затоа прилагодете ја вашата фитнес рутина според вашиот хороскопски знак.