КАФЕ ПАУЗА

9 предупредувачки симптоми на лупус кои не смеете да ги занемарите

9 предупредувачки симптоми на лупус кои не смеете да ги занемарите

Симптомите на автоимуните заболувања, вклучувајќи го и лупусот, лесно може да бидат измешани со други симптоми или пак да се припишат на нешто сосема трето. Постојат многу предупредувачки знаци и симптоми кои укажуваат дека можеби страдате од ова автоимуно нарушување и поради тоа не смеете да игнорирате ниту еден, туку веднаш појдете кај вашиот лекар. При лупус (и други слични болести) настанува грешка во работата на автоимуниот систем и антителата, па наместо да се борат против евентуалните „напаѓачи“, тие почнуваат да го напаѓаат вашето тело.rnrn9 предупредувачки симптоми на лупус кои не смеете да ги занемаритеrnrnЗатоа, обрнете внимание на следниве симптоми, особено ако имате повеќе од два наеднаш и ако не знаете што точно ги предизвикува.rn

1. Главоболки

rnСпоредено со општата популација, лицата кои страдаат од лупус имаат двојно поголема зачестеност на главоболки кои личат на мигрени. Затоа и неретко се случува овие симптоми да бидат протолкувани погрешно. Секако, не секоја главоболка е знак за автоимуно заболување, но доколку забележите зачестени повторувања на истиот вид болка, потребно е да закажете преглед кај вашиот лекар.rn

2. Изнемоштеност

rnДоколку често сте изморени, а некогаш и без посебна причина за тоа, можеби се работи за лупус. Голем број заболени најчесто се жалеле на изнемоштеност со непознато потекло, која лошо влијае врз нивната продуктивност и секојдневните активности.rn

3. Болки во зглобовите

rnВоспалителниот процес може да предизвика непријатно чувство на трпнење, закоченост и болки во зглобовите, кои особено се манифестираат наутро. Може да бидат од благи и едвај забележливи, до неподносливо болни.rnrn9 предупредувачки симптоми на лупус кои не смеете да ги занемаритеrn

4. Болка во градите

rnПри лупус често може да се случи воспалителен процес во дишните патишта, што понатаму предизвикува и реална физичка болка. Доколку ваквата болка постои во комбинација со другите симптоми, тогаш имате добра основа да побарате преглед од специјалист.rn

5. Црвенила и чешање на лицето

rnНајчест видлив знак е црвенилото и лупењето на кожата во делот на носот и горниот дел на образите. Околу 50% од пациентите со лупус го имаат и овој проблем.rn

6. Побелување или помодрување на прстите кога е студено

rnЛуѓето кои страдаат од лупус имаат и стеснување на капиларите, па поради тоа при ниски температури нивните прсти на рацете и нозете може да добијат бела или модра боја.rnrn9 предупредувачки симптоми на лупус кои не смеете да ги занемаритеrn

7. Слабеење или паѓање на косата

rnДоколку забележите нагло губење на квалитетот на влакното или пак, целосно опаѓање на прамени, потребно е веднаш да отидете на преглед, за да се провери дали се работи за лупус или за хормонално нарушување. При лупус, често може да се забележи губење на влакната и на другите делови од телото, не само на скалпот.rn

8. Рефлукс

rnАко имате необјаснива појава на болки во дигестивниот систем, мачнини, повраќања, дијареја или запек, проследени со некој од веќе наведените симптоми, разговарајте со вашиот доктор колку можете побрзо.rn

9. Благо покачена температура

rnНајраните симптоми на лупус ја вклучуваат и благо покачената телесна температура која не може да се спушти со помош на лекови. Таа нагло се појавува и нагло исчезнува и секогаш се движи помеѓу 37 и 38 степени Целзиусови.rnrnДознајте и кои познати ѕвезди страдаат од тешки и смртоносни болести, меѓу кои и лупусот.