7 одлуки кои треба да ги донесете веднаш после вашата веридба
Веридбата е еден прекрасен и возбудлив момент во кој треба апсолутно да уживате. Но, истовремено оние што го преземаат овој чекор знаат да се најдат под голем стрес, бидејќи е време да ја планираат иднината и нивниот заеднички живот, а многумина не знаат од каде да почнат. За да го избегнете ова, ви откриваме 7 работи за кои треба да почнете да размислувате веднаш после вашата веридба.
1. Туѓи мислења кои се важни за вас и за вашиот партнер
Од оној момент кога ќе се верите, многу луѓе во вашиот живот ќе имаат одредени мислења и сопствени предлози за вашата венчавка. Па затоа, веднаш одлучете чии мислења ќе ви бидат важни и чии совети ќе сакате да ги послушате, бидејќи колку повеќе одложувате и колку повеќе луѓе слушате, толку повеќе ќе бидете под поголем, непотребен стрес.
2. Граничен буџет за вашата венчавка
Не морате веднаш после веридбата да седнете и да разговарате за точниот износ за венчавката и прецизно да одредите колку пари ќе одвоите за овој важен ден. Но, морате да се сложите барем за некоја гранична бројка. Би било добро да разговарате и со родителите и да ги прашате дали можат финансиски да ви помогнат. Исто така, веднаш подгответе и тетратка за планирање, бидејќи ќе размислувате за голем број детали, па најдобро е да ги запишувате за да не ги заборавате.
3. Точен датум за вашата венчавка
Колку побрзо ќе се одлучите за датумот на венчавката, толку полесно ќе ви биде. Тогаш ќе можете остатокот од планирањето да го прилагодите според тоа и поедноставно ќе донесувате одлуки за она што го сакате на вашата венчавка. Земете предвид дека сезоната на венчавки трае од мај до септември, што значи дека тогаш поголемиот дел од работите ќе бидат поскапи, а некои локации однапред резервирани. Но, од средината на октомври до крајот на април, шансите дека ќе потрошите помалку пари се поголеми, како и фактот дека ќе имате поголем број опции кога ќе избирате локација за вашата венчавка.
4. Најважни нешта на денот на венчавката
Пред да почнете со официјалното планирање, договорете се околу тоа што ви е најважно. Односно, дали ваш приоритет ќе биде квалитетната храна, атмосферата во текот на венчавката или пак, фустанот. Нема вистински или погрешен приоритет, само е важно вие и вашиот партнер целосно да се согласувате околу тоа што ќе ви биде најважно на денот на венчавката.
5. Граничен број на гости кои сакате да ги повикате
Важно е уште на почетокот да го знаете граничниот број на гости. Поточно, дали сакате голема венчавка или интимна прослава со најблиските. Тоа ќе ви го олесни самиот почеток на планирањето, бидејќи според бројот на гостите ќе ја барате и соодветната локација. Кога официјалното планирање ќе започне, тогаш можете да одлучите и за точниот број гости, односно кого сакате да повикате, а кого не.
6. Локација за прославата
Не можете да започнете да барате локација додека не одлучите каков вид свадба сакате. Сепак, првиот чекор за планирање венчавка е пронаоѓање идеална локација. Постојат многу опции, но сигурно не сакате да трошите време за разгледување на оние кои со сигурност нема да ги изберете за вашата венчавка.
7. Договор за трајно место на живеење
Уште една голема животна одлука за која би требало да размислувате е и местото на живеење. Или пак, за заедничкиот живот доколку не сте живееле заедно. Младите парови честопати немаат целосно решение за местото на живеење, односно би било добро да одлучите за тоа пред да започнете официјално да ја планирате вашата венчавка.
Доколку планирате венчавка, а немате многу идеи и инспирација, погледнете ги овие Инстаграм профили кои се наменети за оние кои наскоро планираат венчавка.