7 начини да го користите авокадото во вашата рутина за убавина

Сподели

Како богат извор на калиум и антиоксиданси, ова овошје не само што е одлична храна, туку може да го користите и во вашите третмани за убавина. Следен пат кога ќе купувате авокадо, купете уште едно плус и пробајте ги овие совети.rn

Реклама

1. Хидратација

rnАвокадото има многу масти, но овде станува збор за оние добрите. Природните масла кои му ја даваат кремастата структура на авокадото се одлични за вашата кожа. Нанесете пасирано авокадо и вашата кожа ќе биде хидрирана, а сувоста и појавувањето на дамки ќе се намалат. Исто така можете да поминете преку лицето со внатрешната страна од лушпата. Исплакнете после 15-тина минути.rn

2. Лек за изгореници од сонце

rnАвокадото може да ви помогне да го намалите црвенилото на вашата воспалена кожа. Комбинирајте половина пасирано авокадо со 1 лажица мед и 1/2 лажица сок од лимета и нанесете на кожата. Оставете ја смесата 15 минути за да го добиете најдобриот резултат.rn

Реклама

3. Хидратантна маска за лице

rnОмекнете ја кожата и намалете ги порите со оваа маска за лице. Измешајте една половина авокадо со лажица јогурт и лажица мед. Исто така можете да пробате авокадо маска за мрсна кожа комбинирајќи половина авокадо, белка од јајце и 1 лажица сок од лимон.rn

4. Маска против стареење

rnВитаминот Е и другите антиоксиданси во авокадото се одлични за спречување на стареењето на лицето. Измешајте половина авокадо со лажица овес. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете ја 10 минути. Потоа исплакнете со топла вода.rn

5. Третман за очи

rnСигурно имате слушнато за круговите од краставица кои помагаат за подуеност на очите. Но што е со парчиња авокадо? Нанесете по едно парче авокадо под секое око и оставете го 20 минути за да ја навлажните кожата околу очите.rn

Реклама

6. Чистење на лице

rnЗа навистина да го измиете вашето лице на најприродниот можен начин, направете си препарат за чистење од авокадо. Измешајте една жолчка, 120 милилитри млеко и половина авокадо. Смесата треба да наликува на лосион за тело. Нанесете на лицето и исплакнете со топла вода. Само имајте на ум дека овој препарат за чистење трае само 2 дена, доколку го чувате во фрижидер.rn

7. Маска за коса

rnИзмешајте половина авокадо со две лажици маслиново масло. Нанесете ја смесата на чиста коса и оставете 15 до 20 минути пред темелно да исплакнете. Можете да додадете и жолчка од јајце за дополнително навлажнување на косата.

Погледнете и зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје.

Најново

Може ќе ве интересира