Талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања
Кога 21-годишниот Кристијан Сампсон од Перу, Индијана почнал да посетува напреден курс по фотографија во 2014 година, немал поим колкаво ќе биде неговото влијание на луѓето со ментални нарушувања. Имено, тој добил задача да создаде колекција од фотографии и Сампсон одлучил да се фокусира на менталното здравје. Но, тоа не било неговата прва идеја.
„Колекцијата на почетокот вклучуваше физички болести како што е ракот, но сакав да создадам нешто со коешто луѓето се борат секој ден, а не можат да го видат. Сакав поголемиот дел од луѓето да се поврзат со фотографиите“, објаснил фотографот.
Тој ја разбрал сериозноста на темата што ја одбрал и затоа се посветил целосно и спровел големи истражувања за најчестите ментални нарушувања ширум светот.
„Станува збор за многу чувствителна тема, па затоа многу истражував за да можам да ја претставам најточно што можам“, открива Сампсон.
Неговото истражување го одвело до 14 различни ментални болести како што се анксиозност, несоница и биполарно нарушување. Имал само 8 недели за да ја реализира неговата идеја, па затоа ги замолил неговите пријатели да му бидат модели и почнал со работа.
Проектот ја разбудил креативноста во Сампсон и тој сега планира уште да работи на оваа тема. Фотографот направил Фејсбук албум со неговата колекција насловен како „Визуелно претставување на менталните нарушувања“ (A Visual Depiction of Mental Disorders) каде што ги охрабрува неговите следбеници да му коментираат и да му дадат идеи за наредните фотографии.
„Менталното здравје е многу важна тема за мене, бидејќи познавам луѓе кои мора да живеат со менталните нарушувања. Само затоа што не се гледа, не значи дека не може да направи штета. Фотографиите се многу мрачни зашто сакам да им покажам на сите дека постојат луѓе кои страдаат од тоа“, изјавил фотографот.
Во продолжение, погледнете ги неговите моќни фотографии кои ќе ви ја подигнат свеста за постоењето на менталните нарушувања и нивните последици…
Шизофренија
Биполарно нарушување
Зависност
Продолжете на следната страница за останатите фотографии…