Спореди некои истражувања, носењето градник 12 часа дневно го зголемува ризикот од рак на дојка. Без разлика дали ова е вистина или не, стегнатите градници сепак ги притискаат лимфните жлезди на градите. Многу жени се чувствуваат неудобно без својот градник и сметаат дека нивните гради не изгледаат добро. Но, кога ќе се ослободите од градникот и кога ќе почнете да правите вежби за вашите гради, ќе забележите дека тие сами ќе се обликуваат.rnrnСе разбира, не мора целосно да ги исфрлите градниците од вашиот гардеробер, но обидете се да не носите градник кога тоа не е неопходно. Вежбите можат да имаат траен ефект на вашите гради и да ги одржуваат нивниот изглед и форма. Следниве вежби ќе ви помогнат да ги подигнете вашите гради и да се чувствувате удобно и без градник. Вежбите слободно можете да ги правите и по неколку пати дневно.rn
1. Исчекор со тегови
rn
rnrn
rnrnНаправете чекор нанапред и свиткајте го коленото под прав агол. Исправете го грбот и соберете го стомакот. Раширете ги рацете од страна и со издишување спојте ги напред. Потоа вратете се во почетната позиција и повторете со другата нога.rn
2. Спојување на лактите
rn
rnrn
rnrnЗастанете исправено и поставете ги стапалата во ширина на колковите. Соберете го стомакот, поставете ги рацете од страна и свиткајте ги лактите. Со издишување спојте ги рацете пред вас без да ги исправувате. Вратете се во почетната позиција.rn
3. Склекови
rn
rnrn
rnrnЗастанете на колена и дланки и соберете го стомакот. Испружете ја едната нога назад, стегнете го задникот и без опуштање направете склек. Вратете се во почетната положба и повторете со другата нога.rn
4. Мост со тегови
rn
rnrn
rnrnЛегнете на грб, свиткајте ги нозете и поставете ги стапалата и колената во ширина на колковите. Рацете испружете ги странично. Издишувајќи кренете го задникот и рацете во исто време. Вдишете и вратете се во почетната положба.rn
5. Стомачни со тегови
rn
rnrn
rnrnЛегнете на грб, свиткајте ги колената и поставете ги стапалата и колената во ширина на колковите. Испружете ги рацете од страна и свиткајте ги лактите под прав агол. Со издишување кренете го горниот дел од телото и вашите раце. Со вдишување вратете се во почетната положба.rnrnПогледнете и неколку совети за тоа како да излезете од дома без градник.