5 начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро

Сподели

Без разлика дали сте млади или стари, селфињата се претворија во епидемија. Една студија која настанала од проект наречен „Selfiecity“, ни покажува дека тие се многу повеќе популарни кај жени над 40 години отколку кај мажи над 40. Но, дали оваа заинтересираност може да се поврзе и со нешто друго освен несигурноста и нарцизмот? Погледнете ги следниве придобивки кои сите луѓе ги чувствуваат кога прават селфи фотографии…

Реклама

rn

1. Имате контрола над фотографијата

rnМногу луѓе не се чувствуваат пријатно да бараат од непознати луѓе да ги фотографираат, па токму затоа благодарение на селфито можете во кое било време или место сами да го овековечите моментот. Исто така можете да ја направите токму онаа фотографија која сте ја замислувале во вашата глава.rn

2. Ги прифаќате дури и вашите најмали маани

rnГолеми се шансите дека ќе направите барем 100-тина фотографии пред да го добиете совршеното селфи. Токму затоа и ќе се фотографирате од различни агли, а додека го правите ова ќе можете детално да го анализирате вашето лице, откривајќи ги сите несовршености, а потоа и засакувајќи ги како дел од вас.rn

3. Со нивна помош можете да го почувствувате присуството на личност која е далеку од вас

rnДоколку сте оддалечени од личност која многу ви значи, доволно е да добиете само едно селфи од неа или него со цел веднаш да се почувствувате како тие да се покрај вас. Барем на неколку секунди. И оваа фотографија ќе остане во вашиот мобилен каде што можете да ѝ пристапите во секој момент.rn

4. Потајно се охрабрувате да се прифатите онакви какви што навистина сте

rnГолем број луѓе се борат со срам или ниска самодоверба. Токму затоа и способноста да се направи селфи и да се објави пред целиот свет е огромен чекор при прифаќање на оние личности кои сте. Вие на овој начин покажувате дека сепак има нешто што го сакате кај себе, но дека е потребно време да излезе на површината.rn

5. Горди сте на себе, дури и доколку фотографијата не е совршена

rnЛуѓето прават селфи на многу чудни места. На пример, во теретана, каде што никој не изгледа најдобро што може. Но, ова само ни покажува дека луѓето кои вежбаат се горди на своите постигнувања и токму тоа се обидуваат да го покажат со селфито.

Популарно

Може ќе ве интересира