Моќни цитати за интровертноста што ќе ве натераат да се вљубите во самотијата
Во текот на нашиот секојдневен живот, мора да најдеме време за себе. Во тој период треба да се цениме себеси и да се негуваме со читање добри книги, пиење на омилениот пијалак и одморање. Сигурно и вие си имате свој начин на поминување на времето кога сте сами. Прочитајте ги следниве цитати за интровертноста, самотијата и осаменоста и научете да уживате во вашето сопствено друштво…
„Луѓето ме празнат. Морам да побегнам за да се наполнам.“ – Чарлс Буковски
„Многу размислувам, но малку зборувам.“ – Ана Франк
„Многу често морам да бидам сама. Би била многу среќна кога би била сама во мојот стан од сабота вечер до понеделник сабајле. Така си ги полнам батериите.“ – Одри Хепберн
„Гледате многу работи. Молчите за нив и разбирате.“ – „Предностите на еден молец“
„Многу сум пребирлив околу тоа кому му давам енергија. Претпочитам да го чувам моето време, интензитет и дух строго за оние кои зрачат со искреност.“ – Ду Воар
„Ретко ми е здодевно кога сум сама. Најчесто ми е здодевно кога сум во група луѓе и во гужви.“ – Лори Хелго
„Има огромна разлика помеѓу самотијата и осаменоста. Можете да бидете осамени во група луѓе. Јас сакам кога сум сама. Сакам да јадам сама. Навечер се враќам дома и гледам филм или си играм со кучето. Морам да дадам напор и да си кажам ’Ох Боже, навистина морам да се видам со пријателите, бидејќи станувам премногу среќна сама со себе’.“ – Дру Баримор
„Тишината е страшна само за луѓето кои компулсивно зборуваат.“ – Вилијам С. Бароуз
„Тивките луѓе имаат најгласни умови.“ – Стивен Хокинг
„За да бидете отворени кон креативноста, мора да имате капацитет за конструктивна употреба на самотијата. Мора да го надминете стравот од тоа дека ќе останете сами.“ – Роло Меј
„Што ако го засакате знаењето без никаква особена причина, а не поради тоа што претставува скица за дејствување? Што ако посакате да постојат повеќе, а не помалку рефлективни личности во светот?“ – Сузан Кејн
„Љубезно те замолувам да си одиш. Интровертирам во моментов.“ – Бет Булоу
„Најдоброто правило е тоа дека секоја средина што прави да се чувствувате лошо поради вашата личност е погрешна средина за вас.“ – Лори Хелго
„Сите блескаат под вистинското осветлување.“ – Сузан Кејн
„Не ме потценувајте поради тоа што сум тивка. Знам повеќе одошто кажувам, размислувам повеќе одошто зборувам и гледам повеќе одошто знаете.“ – Михаела Чанг
„Интровертите копнеат по смисла, така што празните муабети на забавите се како брусна хартија за нивната психа.“ – Дајен Камерон
„Јас сум минималист. Сакам да кажувам многу со малку зборови.“ – Боб Њухарт
„Највисока форма на љубов е кога се заштитува туѓата самотија.“ – Рајнер Марија Рилке
„Разговорите помеѓу интровертите се како џез. Секој музичар добива свое соло додека не стапи на сцена другиот музичар со неговото соло.“ – Лори Хелго
„Оригиналноста цути во затвореноста ослободена од надворешните влијанија што нѐ удираат со цел да го оштетат креативниот ум. Бидете сами – тоа е тајната на творештвото. Бидете сами, бидејќи тогаш се раѓаат идеите.“ – Никола Тесла
Доколку ви се допаднаа овие цитати, прочитајте ги и најубавите мисли за самотијата.