5 постапки со кои изгорениците од сонцето ќе ги направите уште полоши

5 постапки со кои изгорениците од сонцето ќе ги направите уште полоши

Од желба што побрзо да добиете бронзен тен веројатно често го заборавате нанесувањето на крема за сончање, а последиците може да бидат прилично опасни. Мора да знаете дека во текот на летото кремата за сончање е вашиот најдобар пријател, па затоа е потребно да ја нанесувате пред секое излегување на сонце, без разлика дали е краткотрајно или долготрајно. Скоро сите ние сме ги искусиле изгорениците од сонце, па затоа нема да ви судиме туку ќе ви ги откриеме постапките кои треба да ги избегнувате за да не го влошите проблемот дополнително.

1. Лупење на оштетениот слој кожа

Отстранувањето на слоевите кожа е гадна навика со која ѝ отежнуваме на кожата рамномерно и ефикасно да оздрави. Наместо тоа, оставете ја природно да се излупи или длабински хидрирајте ја со производи по ваш избор. Нанесувањето на лосион ќе го подобри изгледот на изгорениците и воедно ќе го забрза процесот на заздравување.

2. Нанесување пилинг

Кожата со изгореници е пречувствителна за какво било изложување на пилинг или производи кои содржат гликолна киселина, ретиноиди или салицилна киселина. Откако кожата ќе заврши со лупење, причекајте уште неколку дена пред да започнете со користење на производите кои ги содржат наведените состојки.

3. Пукање на меурчињата

Можноста за појава на инфекции се зголемува со пукање на меурчињата кои се предизвикани од изгорениците од сонце. Кога меурчето природно ќе пукне немојте да го отстранувате горниот слој кожа, бидејќи тој помага да се заштити новиот, сѐ уште чувствителен слој. Повредата од меурчињата обично заздравува без белези за помалку од недела дена, па затоа бидете трпеливи.

1-5-chekori-so-koi-izgorenicite-od-sonceto-kje-gi-napravite-ushte-poloshi-www.kafepauza.mk_

4. Носење тесни парчиња облека

Избегнувајте тесна облека колку што можете, бидејќи во спротивност дополнително ќе ги иритирате изгорениците. Додека болката не престане, носете ја онаа облека во која вашата кожа ќе може да дише.

5. Туширање со врела вода

Туширањето со врела вода не само што е болно, туку и дополнително ќе ја исуши вашата кожа и ќе влијае на пукањето на меурчињата кои се предизвикани од изгорениците.

Кога ќе добиете изгореници од сонцето секоја помош е добредојдена, па погледнете како да ја намалите нивната болка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар