Одлична храна која треба да ја пробате во Грција

Сподели

Многу од нас често го поминуваат летниот одмор во Грција. Плажите и морето се прекрасни, а цените ни се достапни. Но, Грција има и прекрасна кујна која можеби ја немате вкусено до крај. Погледнете некои од највкусните оброци кои ви ги нуди оваа земја.rn

Реклама

1. Стифадо

rnСтифадото е една од најдобрите грчки манџи. Се прави со телешко или со зајачко месо, кромид, цимет и малку вино. Овој оброк се служи со свеж крцкав леб, но често како прилог може да се најде и ориз, тестенини или пире од компири.rn

2. Грчки јогурт и мед

rnНе може да одите во Грција без наутро да се послужите со освежителен грчки јогурт. Можете да го јадете чист, а можете и да додадете малку мед и свежи калинки. Ако сакате пообилен појадок, додајте малку житарици.rn

3. Долмадаки

rnОва е всушност сарма од лозов лист. Направена е со ориз, понекогаш и месо, свежи зачини и сето тоа замотано во лист од лоза. Иако ја имаме и ние, вреди да ја пробате грчката верзија.rn

4. Кафе

rnВо Грција е доста популарно грчкото кафе, она кое нам ни е познато како турско. Но, ако ја посетувате земјата во летниот период, порачајте си некое фрапе, бидејќи го прават со одличен вкус.rn

5. Спанакопита (пита со спанаќ)

rnОваа пита е полна со фета сирење, свеж спанаќ, кромид и малку зачини. Во Грција има многу пекари, па сигурно ќе ја сретнете оваа прекрасна пита.rn

6. Локумадес (крофни)

rnСекој кој бил на плажа во Грција е запознат со локумадес. Ова се мали крофнички кои ги служат со мед и ореви, а понекогаш и малку цимет. Највкусни се свежи, па најдобро е да ги пробате во ресторан или пекара. Ако немате време за тоа, речиси сигурно ќе помине некој на плажата кој ги продава.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира