Секоја жена сака да изгледа убаво, а шминката е еден од начините да го постигне тоа. Со шминката лесно можете да ги прекриете речиси сите несовршености, но и таа има свои недостатоци. Овие продукти се полни со хемикалии кои понекогаш можат да ѝ наштетат на вашата кожа. Па погледнете зошто понекогаш е добро да го одморите лицето од шминка.rnrn
rn
1. Ќе ви се намалат порите
rnКога честичките од шминката доаѓаат во контакт со штетните материи од воздухот, се создава нечистотија која ги затвора порите. По некое време овие пори се прошируваат и можат да ви создадат големи проблеми. Доколку не користите шминка, кожата ќе го регулира овој проблем, а ќе се намали и појавувањето на брчките.rn
2. Помалку мозолчиња
rnРедовното шминкање може да предизвика појава на мозолчиња поради токсините кои се впиваат во кожата. Четките за шминкање можат дополнително да го влошат проблемот. Доколку не ги чистите редовно, на нив се создаваат бактерии кои потоа завршуваат на вашата кожа. Сето ова предизвикува проблеми со акни и мозолчиња.rn
3. Навлажнување на сувата кожа
rnШминката навистина ѝ штети на сувата кожа бидејќи го спречува природното обновување на клетките. Наместо тоа, мртвите клетки се таложат и кожата почнува да се суши. Доколку имате проблем со сува кожа, најдобро е да избегнувате шминка, или да најдете продукти кои се погодни за вашиот тип. Исто така редовно користете хидратантна крема.rn
4. Ќе се намалат алергиските реакции
rnМногу продукти за шминкање се полни со сулфати и метали, а токму тие можат да предизвикаат алергии. Алергиите можат да се манифестираат како црвенило или сувост, а тоа значи дека одреден вид шминка не одговара на вашата кожаrn
5. Подобро здравје
rnКога ќе ја намалите нечистотијата на кожата, таа ќе стане мазна и нежна. Доколку можете 2-3 дена неделно да избегнувате шминки, вашата кожа, но и вашето тело ќе бидат поздрави. Имено, канцерогените материи кои се наоѓаат во кармините можат да го зголемат и ризикот од висок притисок, па дури и да делуваат на вашата плодност.rn
6. Помалку воспаленија на очите
rnДоколку ве чешаат очите или сте забележале отоци и црвенило, причината може да биде вашата шминка. Всушност, маскарата го поттикнува ширењето на бактериите и може да предизвика непријатно чувство на очите.rnrnОд голема важност е и какви продукти за шминкање користите, па погледнете ги знаците кои покажуваат дека купувате шминка која не ви одговара.
