Одлична храна која треба да ја пробате во Грција

Сподели

rn

Реклама

7. Мусака

rnИако и ова јадење го има кај нас, грчката верзија е побогата со зеленчук. Најчесто користат модар патлиџан, месо и многу сирење и кашкавал.rn

8. Саганаки

rnОва јадење е всушност сирење пропржено на масло. Најчесто се служи како предјадење. Додајте и малку лимон и бибер, и нема да бидете разочарани.rn

9. Гиро и суфлаки

rnИако најверојатно знаете, суфлакито е ражнич од телешко, јагнешко, а понекогаш и рибино месо, послужено со салата, и леб со маслиново масло. За гирото нема потреба да зборуваме, бидејќи сигурни сме дека секој кој ќе отиде во Грција, гирото е првото нешто кое го јаде.rn

10. Грчка салата

rnОваа салата наликува на нашата шопска, но покрај доматите, пиперките и кромидот има и маслинки, крупни парчиња фета сирење, маслиново масло и оригано. Одлична е за топлите летни денови.rn

11. Ѕаѕики

rnОва е кисело млеко со тревки кое најчесто се служи со месо, леб и салати. Слично е на турското цацик, од кое и потекнува, и најдобро е за консумирање во топлите летни денови.rn

12. Пастисио

rnОва е оброк од тестенини, мелено месо и бешамел сос. Само порачајте и мала салата со него за да не претерате со јадење.

Доколку сакате да почнете да се храните поздраво, погледнете ја ајурведската препорака за летна исхрана.

Популарно

Може ќе ве интересира