14 причини зошто вашиот брат е најдобриот подарок од родителите

14 причини зошто вашиот брат е најдобриот подарок од родителите

Ако имате брат сигурно сте биле иритирани, сте биле ривали, сте слушале глупости, а понекогаш дури и ви се гадело од него. Но тоа што можеби не сте го забележале е дека постојат многу интересни, но и корисни работи кои ќе ви го направат животот подобар доколку имате брат. Погледнете некои од нив.

14-prichini-zoshto-vashiot-brat-e-najdobriot-podarok-od-roditelite-kafepauza.mk

1. Ќе научите да правите компромиси

Тоа што имате брат ќе ве присили да научите да барате компромис за сè. Без разлика дали станува збор за играчки, за тоа кој ќе го вози автомобилот, или пак дали мора да носи одело на вашата свадба, компромисот е вештина што ќе ја научите од мали.

2. Ќе научите многу за пријателството

Можеби не ви изгледало така додека сте биле мали, но многу често вашиот брат ви е најдобриот пријател. Сигурно сте имале и лоши моменти, но тој секогаш е овде за вас.

3. Ќе научите како да бидете потрпеливи

Браќата знаат да бидат здодевни. Вие имате можност секојдневно да го тестирате вашето трпение кога имате брат.

4. Ќе имате партнер во зло

Сигурно сте имале пријатели кои ве внесувале и ве ваделе од неволји, но вашиот брат ви е првиот партнер во зло. Знаете како да се прикривате еден со друг, како да внимавате еден на друг и како секогаш да ја делите вината кога ќе ве фатат на дело.

5. Ќе ве насмее

Понекогаш намерно, но најчесто случајно. Браќата секогаш прават интересни работи, а ваша должност е да се смеете на нивните шеги.

6. Ќе ве заштитува

Браќата секогаш се заштитнички настроени. Многу често таа заштита ве радува, но можеби не секогаш.

7. Ќе ве спаси кога најмалку очекувате

Браќата се одлични кога станува збор за спасување од непријатна ситуација. Само што ќе им признаете на родителите дека сте направиле грешка, тој истапува напред со уште полоша грешка, на тој начин привлекувајќи го вниманието кон него.

8. Никогаш нема да бидете осамени

Долги патувања, здодевни семејни одмори, посети кај роднините кои не ги сакате… Овие настани се навистина страшни за децата единци. Па иако можеби со брат ви ќе пеете или ќе се карате, барем имате друштво во овие ситуации.

9. Кога барате помош, мора да ви помогне

Пријателите можеби ќе бидат зафатени да ви помогнат во нешто, но вашиот брат има должност секогаш да биде овде.

10. Тој е (брутално) искрен

Секогаш можете да сметате на искреното мислење на вашиот брат. Имате доволно заедничка историја, па може слободно да ви каже што мисли за вашата фризура или новиот дечко без да се труди да не ве повреди.

11. Ќе споделувате проблеми

Секој од нас има проблеми кои се поврзани со семејството, но важно е да знаете дека и вашиот брат ги има истите. Тој ќе ве сфати и ќе ви помогне да ги надминете проблемите кои сте ги имале и двајцата.

12. Ќе делите одговорности

Еден ден ќе бидете возрасни и ќе треба да се грижите за вашите родители. Вие и вашиот брат можете да ја поделите оваа одговорност и емоциите кои доаѓаат со таа фаза од животот.

13. Секогаш ќе имате некој со кој можете да бидете носталгични

Како што старееме убаво е да поминуваме време со луѓе кои нè познавале кога сме биле млади. Вашиот брат е оној кој ве познава целиот живот и тој е најдобрата личност со која можете да се потсетувате на спомените.

14. Тој секогаш ќе ве сака

Дури и ако ретко, или никогаш не ви кажува, тој ве сака. Некои браќа се приврзани, но повеќето не ги искажуваат емоциите. Треба да знаете дека љубовта на братот е длабока и без разлика колку го нервирате, тој сепак многу ве сака.

Погледнете ги и работите кои ги разбираат само девојките со помал брат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар