Колку здраво се развива вашето дете?

Колку здраво се развива вашето дете?

Секој родител посакува неговото дете да израсне во здрава и позитивна личност, која сама ќе се грижи за себе, и успешно ќе се носи со сите предизвици. Но дали родителите им помагаа на своите деца доколку ги оставаат цело време затворени дома покрај компјутер, таблет или на телефон. „Нурнати“ во малиот екран, во разно разни игри и видеа на YouTube, незабележувајќи ништо околу себе. Дали поради нашата попустливост децата ги правиме зависници од технолошките направи, тотално асоцијални личности, кои живеат во нереален виртуелен свет.

(1) kolku-zdravo-se-razviva-vasheto-dete-www.kafepauza.mk-001

Не е случајно, зошто денес се повеќе среќаваме предупредувања од здравствените експерти и психолози за негативните ефекти од претераната зависност од технолошките уреди. Истакнувајќи дека доколку сакаме да имаме здрави деца, тие треба да излезат од дома, што повеќе време да поминуваат во игра во природа, дружејќи се со своите врсници. Тие велат дека преку играта се развива моториката на децата, се овозможува нивен правилен физички развој, се поттикнува фантазијата, се подобрува концентрацијата и нивните креативни потенцијали.

Родителите се тие кои се одговорни за тоа како децата го поминуваат времето. Да се забрани користењето со саати на таблети и телефоните, не значи да се биде лош родител.

(2) kolku-zdravo-se-razviva-vasheto-dete-www.kafepauza.mk-001

А некогаш може да биде многу едноставно. Треба само да се обезбеди поздрава алтернатива. Да се запишат децата на спорт, почесто да се оди на планина, или пак да се набават детски куќички, лизгалки, трамбулини и други реквизити за во дворот, со цел да децата да играат надвор.

Децата треба да се движат, да скокаат на трамбулина, да се лизгаат, да се смеат, да се дружат со други деца, да бидат во реалниот свет, бидејќи само така можат да израснат во здрави луѓе, кои ќе се носат со сите животни предизвици.

(3) kolku-zdravo-se-razviva-vasheto-dete-www.kafepauza.mk

Токму од тие причини, последниве години се повеќе семејства кои живеат во куќа и имаат двор, се решаваат да постават детски куќички и други интересни реквизити за играње во својот двор кои ги набавуваат во Дексико. Исто како и трговските центри, рестораните, со цел да ја збогатат содржината за посетителите и да ги привлечат. Интересно е што и самите деца ги бираат игротеките каде ќе го слават својот роденден, според расположливите куќички и реквизити во игротеката.

Во Дексико има голем избор на детски куќички, лизгалки, карпи и разни комбинирани сетови за качување, пикање, скокање, играње улоги и секаков вид друга забава која може да биде искреирана од детската фантазија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар