Науката открива: Мажите треба да мастурбираат 21 пат месечно
Шегите за машкото самозадоволување се неминовен дел од многу комедии и ТВ серии. Но, најновите истражувања покажале дека омилената машка активност за време на туширањето има и своја сериозна страна. Имено, честата мастурбација може значително да го намали ризикот од рак на простатата кај мажите.
Но, што се подразбира под „честа мастурбација“? Според неодамнешните истражувања спроведени на Универзитетот Харвард, мажите кои доживуваат 21 или повеќе оргазми месечно можат да го намалат ризикот од рак до 33%.
За да стигнат до овие резултати, истражувачите испитале 31.925 мажи на тој начин што им испратиле прашалници поврзани со тоа колку често се самозадоволуваат. Потоа, истражувачкиот тим се фокусирал на учесниците кои имале 18 години и проучувал кои мажи развиле рак на простатата во тој временски период. Мажите биле оценети според три различни временски точки: Една година пред да го добијат прашалникот, во нивните 20-ти години и повторно во нивните 40-ти години.
Па, кои се заклучоците од истражувањето? Почестата мастурбација била поврзана со понизок ризик од рак на простатата. Ова не е првото истражување што открило дека редовните оргазми го одржуваат здравјето на половите органи. Но, сега истражувачите за прв пат ги обелодениле придобивките од самозадоволувањето.
И покрај многуте истражувања, експертите сѐ уште не се целосно сигурни зошто оргазмите го подобруваат здравјето. Многу доктори веруваат дека ејакулацијата ги отстранува штетните отрови и бактерии кои во спротивно би се насобрале во простатата.
Но, мастурбацијата не е единствениот начин за да се постигне истиот ефект.
„Нема разлика дали ејакулацијата ќе се случи со мастурбација или со партнер. Исто толку корисно ќе биде и доколку направите сексот да биде вашиот приоритет“, објаснуваат докторите.
Мастурбацијата има и други корисни придобивки, како на пример нудењето можност за доживување задоволство и релаксација.
„Мастурбацијата нуди можност за водење поголема грижа за себе. Самозадоволувањето е здрав механизам за одвлекување внимание од проблемите и природен начин на справување со анксиозноста“, тврдат експертите.
Секако дека доколку мастурбирате најмалку 21 пат месечно нема со сигурност да го одбегнете ракот на простатата. Докторите исто така препорачуваат да водите исхрана богата со овошје и зеленчук, да јадете риба богата со Омега 3 масни киселини и да консумирате црвена храна како што се доматите кои се богати со ликопен. Не заборавајте и редовно да одите на прегледи, но и да бидете физички активни.
Во продолжение дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.
Oнoј кoј се предaл нa неприрoднoтo сaмoзaдoвoлувaње, вo живoтoт нoси мнoгу душевни рaни. Кoгa ќе стaпи вo брaк oпсесивните мечти мoжaт дa се врaтaт и дa гo нaведaт дa се впуштa вo рaзни сексуaлни первезии, нaвлекувaјќи гo тaкa нa себе гневoт нa Пречистиoт Бoг, пред кoгo тaквите рaбoти се гнaсни и oдврaтни. Сo тие первезии тoј гo пoнижувa и брaчниoт другaр, претвoрaјќи гo вo предмет нa изживувaње.
(oд книгaтa “Млaдoстa и стрaстите” oд Влaдимир Димитриевиќ)