Сите родители не се придржуваат до сите овие совети и затоа денес секој од нив има некаков проблем или нешто за кое жали. Но, поучени од своето лошо искуство, тие можат да им ги дадат овие совети на своите деца.rnrn
rnrn1. Не мора да му се допаѓаш на секого. Кажувај си го своето мислење во секоја ситуација, дури и кога тоа нема да им се допадне на другите, вклучително и на твоите блиски. Кажувај ја вистината и тогаш кога никој не сака да ја слушне. Немој само да кимаш со главата.rnrn
rnrn2. Учи напорно на училиште. Не за да можеш да кажеш дека си добар ученик или за еден ден да направиш многу пари, туку за да имаш знаење во главата. Еден ден ќе можеш да погледнеш наназад и да бидеш горд/а на тоа.rnrn
rnrn3. Чисти си ја собата. Немаш претстава колкаво задоволство може да ти донесе глетката на твојата чиста соба.rnrn
rnrn4. Секогаш завршувај го тоа што си започнал/а да го учиш. Ако си почнал/а да учиш како да фотографираш или да свириш на гитара, немој да се откажуваш од тоа, особено ако имаш талент.rnrn
rnrn5. Гледај што поскоро да се почувствуваш убаво во своја кожа. Ќе си имаш свои фази во тинејџерските години, ќе се најдеш фатен/а во помодарство, но мора да најдеш начин да се засакаш себеси. Тоа е среќа која мора да ја почувствуваш.rnrn
rnrn6. Грижи се за своето тело. Имаш само едно и мора добро да го чуваш.rnrn
rnrn7. Искусувај нови нешта. Немој да си дозволиш да им мрчиш на оние кои се фалат со своите искуства само затоа што им завидуваш за тоа што го доживеале. Биди ти оној/онаа што се фали.rnrn
rnrn8. Помогни им на оние на кои им треба помош. Немој да го вртиш погледот секогаш кога ќе видиш бездомник и немој да имаш предрасуди кон нив. Секогаш ќе имаш малку време и малку пари да споделиш со нив.rnrn
rnrn9. Слушај вести. Особено политика. Слушање само спортски вести и временска прогноза не спаѓа во информираност. Немој времето да го поминуваш само на социјалните мрежи или гледајќи серии. Биди добро информиран/а за она што се случува околу тебе затоа што твојата неинформираност некој ќе знае добро да ја искористи.rnrn
rnrn10. Секогаш трчај по твоите соништа. Откриј ја твојата страст и труди се да станеш исклучително добар/ра во неа. Многумина имаат големи соништа, но се плашат од нивната големина и на крај не ги остваруваат. Немој да бидеш еден од нив.rnrn
rnrn11. Немој да го користиш мобилниот телефон додека возиш. Нема нешто што не може да почека. А знаеш какви можат да бидат последиците.rnrn
rnrn12. Семејството секогаш нека ти биде на прво место. Секогаш биди им на располагање на домашните. Тие се најголемото богатство и не постои изговор на светот за да не бидеш покрај нив.rnrn
rnrn13. Не посакувај да бидеш некој кој не си. Прифати ги своите мани, затоа што и оние на кои им се восхитуваш ги имаат.rnrn
rnrn14. На крај, дури и да не ги примениш овие совети во животот, знај дека секогаш ќе те сакаме.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.