Најинспиративните цитати од Малала Јусафзаи, најмладата добитничка на Нобелова награда за мир

Најинспиративните цитати од Малала Јусафзаи, најмладата добитничка на Нобелова награда за мир

Пакистанката Малала Јусафзаи во 2014 година ја добила Нобеловата награда за мир. На тој начин, Малала станала меѓународен симбол на отпорот на талибанските настојувања да им се скратат образованието и другите права на жените. Малала денес има 20 години, а наградата ја добила кога имала само 17 години. Таа моментално размислува за она што најмногу ги мачи нејзините врсници, а тоа е на кој факултет да се запише по матурата.

Најинспиративните цитати од Малала Јусафзаи, најмладата добитничка на Нобелова награда за мир

На 10-ти октомври во 2012 година, талибанците се обиделе да ѝ го одземат животот во атентат, бидејќи храбро им се спротивставила ним и на нивните намери да им го забранат образованието на жените. Таа го преживеала куршумот кој го испукал маскиран талибанец за да ја казни поради тоа што на нејзиниот блог го критикувала талибанскиот режим кој им го забранувал образованието на жените. Таа заздравувала од тешките повреди повеќе од 3 месеци и подлегнала на реконструкција на черепот.

Светот бил шокиран од бруталниот обид за убиство, а за нејзината храброст во 2014 година ѝ била доделена Нобелова награда за мир.

„И покрај нејзината младост, Малала покажа дека децата и младите луѓе исто така можат да придонесат за подобрување на општествената ситуација“, изјавил претседателот на норвешкиот одбор за доделување Нобелови награди.

Атентатот не ја спречил Малала да продолжи гласно да говори за значењето на образованието. Ниту во еден момент не помислила да се откаже од нејзините активистички ангажмани.

Најинспиративните цитати од Малала Јусафзаи, најмладата добитничка на Нобелова награда за мир

„Терористите мислеа дека ќе ги променат нашите цели и ќе ги сопрат нашите амбиции, но ништо не се промени во мојот живот освен тоа што умреа слабоста, стравот и безнадежноста. Наместо нив се родија силата, моќта и храброста. Не го мразам талибанецот кој пукаше во мене. Дури и да држам оружје во рака додека тој стои пред мене, не би пукала во него“, изјавила Малала во нејзиниот говор во Обединетите нации.

Малала е добитничка на голем број признанија, но наградата за човекови права која ѝ била доделена од страна на Европската унија е една од нејзините најдраги.

На нејзиниот 18-ти роденден таа отворила училиште за сириски бегалци во Либан кое нуди образование за девојките од 14 до 18 години. Училиштето е финансирано од страна на непрофитна организација која го носи нејзиното име, а по отворањето, таа ги замолила светските лидери да инвестираат во книги наместо во куршуми.

Најинспиративните цитати од Малала Јусафзаи, најмладата добитничка на Нобелова награда за мир

Таа е одлична ученичка во женското училиште Еџбастон во Бирмингем, а наскоро ќе матурира и ќе се запише на факултет. Малала сака да студира филозофија, политика и економија на Оксфорд и воопшто не ги крие нејзините политички амбиции. На една конференција за женските права во 2015 година, таа кажала дека би сакала да стане премиерка на Пакистан.

„Нашите политичари не прават ништо за нас, за мирот или за нашето образование. Затоа сакам да бидам премиерка на мојата земја“, заклучила инспиративната девојка.

Во продолжение прочитајте дел од нејзините најмоќни цитати кои ќе ве замислат и ќе ви ги отворат очите…

„Мора да веруваме во моќта и силата на нашите зборови. Нашите зборови можат да го променат светот.“

„Едно дете. Еден учител. Една книга и едно моливче можат да го променат светот. Образованието е единственото решение.“

„Не сме свесни колку нешто ни значи, додека не се обидат да ни го одземат.“

„Книгите се драгоцени. Некои книги патуваат со вас во минатите векови, други ве носат во иднината. Некои ве водат до центарот на вашето срце, а други до универзумот.“

„Жена без образование е како велосипед без ланец.“

Погледнете го и нејзиниот инспиративен говор за значењето на образованието.

Прочитајте ги следниве прекрасни цитати кои ќе ви ја докажат моќта на образованието.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар