КАФЕ ПАУЗА

Костими за капење што не изгледаат добро на секого

Костими за капење што не изгледаат добро на секого

Оваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.Костими за капење што не изгледаат добро на секогоrn

1. Плетен дезен

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоПлетените костими за капење се купуваат и носат само за сончање, во никој случај за да се плива со нив. Кога ќе се наводенат, се проѕираат, немаат правилен облик и со тоа го изобличуваат телото.rn.rn

2. Бикини со висок струк

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоОва е модниот крик оваа сезона. Изгледаат феноменално, но не на сечие тело. Оние кои се поплонички во пределот на стомакот, овие бикини ќе ја нагласат таа нивна карактеристика, додека на оние со рамен стомак, кои сепак сакаат да сокријат поголем дел од него, одлично ќе им прилегаат.rn.rn

3. Костими за капење со принтови

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоrnrnОдбегнувајте костими за капење со големи принтови сконцентрирани само на еден дел, во случајов кај градите. Нив сакате да ги покажете, а не да ги сокриете кога сте на плажа. Не предизвикувајте ги луѓето да се вртат по вас заради погрешната причина :)rn.rn

4. Бикини-шорц

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоИ повеќе од јасно е дека не се за секого. За да се решите за вакви бикини, треба многу добро да го познавате сопственото тело. Сигурно не сакате вишокот наслаги околу стомакот или дебелките нозе да излегуваат низ овие припиени шорцеви.rn.rn

5. Костим за капење како долна облека

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоРазграничете ги костимот за капење од долната облека. Тие се купуваат за две различни цели. Плус тоа, ваков костим за капење е сосема непрактичен, а понекогаш изгледа и смешно на нечие женско тело. Освен ако немате закажано фотосесеија на некоја од плажите, не купувајте го.rn.rn

6. Пресечен едноделен костим за капење

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоОвие костими за капење се вистински хит во последниве години. Освен ако немате ултратенко и витко тело, овој костим не е препорачлив за вас.rn.rn

7. Едноделни костими за капење

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секого…особено во беж боја. Иако неутралните бои се ин оваа сезона, избегнувајте ја оваа беж варијанта, освен ако не сакате сите да помислат дека сте речиси голи. Причината е едноставна – кога се наводенети се проѕираат.rn.rn

8. Бикини-школки

rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоТие без исклучок изгледаат лошо на сечие тело. Ако веќе сте ги купиле, гордо закачете ги како украсен декор во вашата соба.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.