Неодамнешните истражувања ги испитале разликите во погледот кон светот кај слободоумните луѓе и луѓето со ограничен ум. Истражувачите тврдат дека квалитетот на умствената „отвореност“ има одлучувачка моќ во однос на тоа каква е реалноста во која живее поединецот. Повеќето слободоумни луѓе живеат во сосема поинаква реалност од останатите.rnrn
rnrnОтвореноста подразбира слободен ум, пробување нови работи, запознавање нови луѓе, желба за истражување и поместување на границите на удобната зона. Слободоумните луѓе се многу дружељубиви. Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Мелбурн и во него учествувале 123 испитаници со различно потекло. Била извршена анализа на нивниот карактер и гледишта.rnrnТестот за слободоумност бил сконцентриран на 5 категории: Совесност, невротичност, екстровертност, соработливост и способност да се биде отворен кон нови искуства. Потоа, направиле тест за да видат кој го има доживеано феноменот „бинокуларен натпревар“, еден тип визуелна перцепција. Феноменот се појавува кога на секое око му се покажува различна слика, во овој случај црвен материјал на едното око и зелен материјал на другото.rnrnПовеќето луѓе постојано го менувале погледот од едната на другата слика, бидејќи мозокот може да ги види само една по една. Но, некои луѓе ги споиле двете слики во обединет црвено-зелен материјал. Учесниците кои можеле да ги видат двата материјали заедно биле оние кои добиле високи резултати на тестот за слободоумност.rnrnИстражувачите претпоставуваат дека слободоумните луѓе се покреативни. Со оглед на тоа што овие луѓе имаат отворен ум кон нови искуства, учење и перцепции, тие со леснотија создаваат нови ментални патишта во нивните глави. Благодарение на тоа, тие развиваат нови идеи преку поврзување на работите што просечниот човек не може да го направи.rnrnСлободоумноста им помага на луѓето подлабоко да размислуваат и да живеат посмирено. Тоа буквално создава поинаква реалност со тоа што се појавуваат нови елементи во сликата што просечните луѓе не можат да ги видат. Слободоумноста го проширува светот во кој живее поединецот.rnrnПрочитајте ги следниве 9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни.
Психолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалност
