Фитнес инструкторка го воодушеви интернетот со своето искрено признание

Фитнес инструкторка го воодушеви интернетот со своето искрено признание

Доколку сте побарале фитнес мотивација на социјалните мрежи, сигурно сте го забележале профилот на Јанка Будимир, фитнес инструктора која е вистински пример за здраво тело и дух. Оваа црнокоса убавица секојдневно се обидува да пишува и да зборува за здравиот живот и правилната исхрана и да ги мотивира сите дами да се покренат и да го доведат своето тело до совршенство. Меѓутоа, овој пат влијателната фитнес инструктора ни го привлече вниманието со фотографии и објава во која отворено зборува за проблемите со кожата и во таа прилика ги охрабри сите девојки да се прифатат себеси и своите несовршености, бидејќи токму тие нè прават посебни.

3-fitnes-instruktorka-koja-go-voodushevi-internetot-so-svoeto-iskreno-priznanie-ako-jas-se-gledam-vo-ogledaloto-vaka-togash-zoshto-da-ne-me-gledaat-i-ostanatite-www.kafepauza.mk_

Всушност, Јанка пред две години се соочила со дерматолошко заболување што е физичко видливо кога нема шминка на лицето. Токму заради тоа оваа убавица решила да им се обрати на сите кои патат од сличен проблем и да им пренесе една доста важна порака, а тоа е дека не треба да се кријат и да се срамат од своите „несовршености“. Прочитајте што има таа да каже…

Ми беше потребно долго време за да ги поставам овие фотографии. Можеби некои од вас го гледаа моето јавно обраќање, кога зборував малку за ова. Дијагнозата е хиперпигментација на кожата и започна во 2015-та година, по малку, но во февруари оваа година се прошири и потемни. Би сакала да можев да кажам дека тоа е нешто што не ми пречи и дека можам самоуверено да се шетам без шминка. Но не можам. Никогаш не сум се шминкала како сега, но работам на тоа да не биде така.

1-fitnes-instruktorka-koja-go-voodushevi-internetot-so-svoeto-iskreno-priznanie-ako-jas-se-gledam-vo-ogledaloto-vaka-togash-zoshto-da-ne-me-gledaat-i-ostanatite-www.kafepauza.mk_

И да го немам тоа грдо чувство кога некој ќе ме праша „Уф, што ти е тоа на лицето?“. Токму поставувањето на овие фотографии е чекор кон тоа. Испробав разни препарати, но безуспешно. Единствено нешто што ми остана е ПРИФАЌАЊЕ. Јас веќе подолг период учам да ги прифатам работите во животот кои не се онакви какви што очекував. Па, и да ги исклучам тие очекувања. Мислам дека е многу важно верувањето дека сѐ е онака како што треба да биде.

Сѐ што ќе се случи, прифатете го, и верувајте дека тоа е најдобро за вас. Замислете го тоа чувство! Нема нервоза, нема нервирање. Па, и некаде ја гледам причината зошто ова се појави на моето лице. Но, тоа засега ќе го оставам за себе.

Со овој пост сакам да си помогнам на себе, но да ви помогнам и вам кои во светот на филтри и Фотошоп сте ја прифатиле идејата дека не сте доволно добри, дека не сте доволно убави, бидејќи немате чисто лице, нацртани веѓи, затегната кожа и стомачни. Кој е тој што одредува што е убаво, а што грдо? Па, нема на светот двајца исти мажи или две исти жени. Нели е тоа прекрасно? Да, секој, ама баш секој од нас е посебен, бидејќи е токму таков каков што е.

2-fitnes-instruktorka-koja-go-voodushevi-internetot-so-svoeto-iskreno-priznanie-ako-jas-se-gledam-vo-ogledaloto-vaka-togash-zoshto-da-ne-me-gledaat-i-ostanatite-www.kafepauza.mk_

Ако јас секој ден се гледам во огледалото ваква, зошто тогаш и другите да не ме видат? Зошто да го кријам тоа од другите? Еве. Тоа сум јас. И се прифаќам себеси таква каква што сум. И вие сте посебни баш такви какви што сте, бидејќи нема никаде уште еден како вас!

Добра ноќ, убави луѓе!

Доказ за тоа дека треба да ги прифатиме нашите несовршености е и оваа силна порака на една мајка поради која нејзината ќерка засекогаш ќе ѝ биде благодарна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар