За жал, некогаш се случуваат ситуации кога немате избор освен да ја навредите личноста која стои спроти вас. Наместо да почнете да ја пцуете поради што ќе изгледате како да немате доволно домашно воспитание, искористете некои поелегантни навреди. Вака ќе изгледате софистицирано и интелигентно, а еве некои од најдобрите.rnrn
rn
1. „Подобри луѓе од тебе ме нарекувале и полошо“
rnОва е една од најдобрите навреди кои можете да ги кажете. Ќе го навредите соговорникот, а и ќе му кажете дека воопшто не ви е грижа што тој мисли за вас.rn
2. „Можам да ти објаснам, но не можам да ти турам со инка“
rnКога личноста со која се расправате не ве разбира, тогаш треба да ја искористите оваа навреда. Ќе ѝ покажете дека имате волја да ѝ го објасните она што го зборувате, но дека тоа не би помогнало затоа што таа едноставно не е доволно паметна за да сфати.rn
3. „Би се сложил/а со тебе, но тогаш двајцата ќе грешиме“
rnКога не можете да го дочекате крајот на расправијата, можеби ќе бидете под искушение едноставно да се сложите со другата личност само за да се ослободите од неа. Сепак, оваа навреда ќе ѝ даде до знаење дека веќе ви здодеало да зборувате, но и дека не можете да се сложите со нејзиното ужасно размислување.rn
4. „Ми се допаѓа што за очигледни нешта зборуваш како за големи откритија“
rnОва е можеби и најслатката навреда која постои. Ја навредувате интелигенцијата на соговорникот и саркастично му давате комплимент за неговиот ентузијазам. Ова е одлична реченица која треба да ја употребите кога зборувате со некој кој страсно кажува факти за кои воопшто нема познавања.rn
5. „Не зборувај освен ако не сакаш да го подобриш звукот на тишината“
rnОва е одличен начин да му кажете на некој дека она што го зборува е бесцелно и дека треба да молчи ако нема ништо паметно да каже. Освен ако не може да смисли нешто што ќе го подобри звукот на тишината, мислите на оваа личност треба да останат неискажани.rn
6. „Твоето ниво на интелигенција е толку ниско што не може ни земјотрес да предизвика.“
rnОваа навреда е толку прекрасна затоа што постојат голем број луѓе кои не ја разбираат Рихтеровата скала, па затоа нема ни да ја разберат оваа навреда. Секако, ако сакате да ве разберат можете да кажете „Твоето ниво на интелигенција е помало од температурата во собава.“ На вас оставаме.rn
7. „Одбивам да се натпреварувам во мудрување со невооружен противник“
rnКога ќе се уморите од бесполезно расправање кое изгледа како да нема крај, искористете ја оваа навреда. Вака, на другата личност ѝ давате до знаење дека не вреди да го трошите времето на неа. Без разлика колку долго зборувате со неа, таа никогаш нема да ве разбере вас, а ниту начинот на кој функционира светот.