Магичен број: Едноставна математичка формула открива дали имате совршен задник
Научниците веруваат дека пронашле прецизна математичка формула што може да ви помогне да откриете дали имате совршен задник. Сѐ се врти околу еден магичен број што се добива од односот помеѓу струкот и колковите.
Тој број изнесува 0,7 а дел од познатите дами со овие пропорции се Софија Лорен, Мерлин Монро и Елизабет Тејлор. Овој број означува совршен однос помеѓу колковите (88,9 сантиметри) и струкот (63,5 сантиметри), односно се добива кога ќе го поделиме обемот на колковите со обемот на струкот.
За да дојдат до оваа „магична“ бројка, научниците интервјуирале 583 пластични хирурзи и 450 луѓе од 40 земји, покажувајќи им фотографија од 27 годишен модел. Фотографијата била дигитално изменета за да се создадат различни типови на нејзиното тело, а скоро половина од анкетираните личности, како најатрактивна, ја избрале фотографијата на моделот каде што односот измеѓу колковите и струкот изнесува 0,7.
Во прилог на оваа бројка оди и податокот дека најголемиот број од манекенките кои ја краселе насловната страна на магазинот „Плејбој“ имале најблизок однос помеѓу колковите и струкот, односно 0,68.
Дали можеби и вие ја имате совршената вредност од 0,7 која укажува на фактот дека имате совршен задник?
Доколку сакате природно да го зголемите задникот, ви предлагаме да ги погледнете овие 10 ефективни вежби за затегнување на задникот и бутовите.