Постојат многу причини поради кои луѓето се засрамуваат на социјалните медиуми. Покрај нападите за прекумерната тежина, премалку тежина, како и различните начини и стилови на облекување, можеме слободно да заклучиме дека Интернетот е преполн со луѓе чија единствена цел е да наоѓаат нови начини да предизвикуваат луѓето да се чувствуваат лошо за себе. И изгледа во последно време шминката е најновата причина поради која луѓето ги напаѓаат жените, па токму тоа беше инспирацијата за видеото „Моќта на шминката“ кое покрена вистинска револуција.rnrn
rnrnИ покрај тоа што сите сме за ширење позитивна слика за себе, во сопствената кожа, сепак не сите жени се родени со беспрекорни црти како дел од познатите ѕвезди. На секоја жена ѝ се случува да посака во еден момент да изгледа секси и жешко, наместо како природна убавица, па зошто мора да се срами да се нашминка малку посилно? Токму тоа се обидуваат да го покажат голем број жени ширум светот. Тие со своите фотографии на социјалните мрежи им даваат до знаење на луѓето дека е сосема во ред доколку има денови кога сакате да изгледате беспрекорно. И токму тоа е целта на шминката…rnrn
Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка



























