КАФЕ ПАУЗА

7 начини да го зголемите вашиот сексапил без физички промени

Written by

in

,

Зошто некои луѓе зрачат со сексуална привлечност иако изгледаат како секој обичен човек? Неодамнешно истражување покажало дека привлечните луѓе имаат 7 необични карактеристики кои ги прават поразлични од другите. Погледнете за кои станува збор.rnrn7-nachini-da-go-zgolemite-vashiot-seksapil-bez-fizichki-promeni-kafepauza.mkrn

1. Несебичноста е секси

rnКога им помагате на другите вие не размислувате за вашите придобивки. Сепак, истражувањето покажало дека помагањето на други може да ви го подобри расположението и да ве направи попривлечни. Причината најверојатно е тоа што помагајќи им на другите вие изгледате како грижлива личност која е спремна за семејство.rn

2. Станете секси странец

rnИстражувањето покажало дека мажите преферираат жени кои не ги познаваат. Тие ги сметале за попривлечни жените кои не ги сретнале пред состанокот. Па, немојте сè да откривате веднаш. Оставете простор за љубопитност, без разлика дали станува збор за ваша фотографија или пак за некоја важна информација.rn

3. Бидете креативни

rnКреативноста е знак на интелигенција. Истражувањето открило дека жените кои се во своите плодни денови се значително покреативни па може и ова да има улога. Исто така се покажало дека мажите кои носат гитара се многу попривлечни од мажите кои носат ранец за во теретана. Изгледа дека талентот за музика ги привлекува жените.rn

4. Правилно држење на телото

rnИсправеното држење на телото може да укажува на доминантност, но и на желба за споделување. Исто така може да се поврзе и со самодовербата, која е еден до клучните елементи на сексапилот.rn

5. Хуморот е секси

rnХуморот е привлечен и за мажите и за жените, но на различен начин. Жените сакаат мажи кои можат да ги насмеат, а мажите сакаат жени кои се смеат на нивните шеги.rn

6. Она за што зборувате е секси

rnСлучајните разговори со некој кој ви се допаѓа може да се лоша идеја. Емоционалните и личните информации се оние кои создаваат чувство на поврзаност. Па, подгответе се да откриете некои интересни детали за вас, но и да поставите некои важни прашања, наместо да разговарате за времето.rn

7. Како правите да се чувствува некој

rnИстражувањето покажало дека ние не се вљубуваме во некоја личност, туку се вљубуваме во начинот на кој се чувствуваме кога сме со таа личност. Добрите вести се кога ние ги искусуваме овие чувства, ги поврзуваме со луѓето околу нас. Па, обидете се да ја направите околина позитивна, забавна и возбудлива.rnrnПогледнете ги и работите на кои ниту еден маж не може да одолее.