Помалку познати и мрачни факти за Волт Дизни

Помалку познати и мрачни факти за Волт Дизни

Можеби не очекувате да го најдете Волт Дизни во мрачната историја на Холивуд. Таткото на Мики Маус и инспирацијата за „најсреќното место на Земјата“ е обожаван од многумина. Но сепак и за него постојат некои мрачни факти кои покажуваат дека и тој не бил совршен.

(9)pomalku-poznati-i-mornichavi-fakti-za-volt-dizni-kafepauza.mk

Роден е во Чикаго, 1901 година и уште од мал сакал да црта. После неколку неуспешни обиди во филмската индустрија, тој конечно станува препознатлив со долгометражниот цртан филм „Снежана и седумте џуџиња“ во 1937 година. По овој цртан филм следуваат многу класици, филмови, како и забавни паркови низ целиот свет. Иако е личност која многумина ја обожаваат, вонземирувачките приказни кои се дел од неговиот живот не треба да останат скриени. Погледнете некои од нив.

Тој случајно имал удел во смртта на неговата мајка

(1)pomalku-poznati-i-mornichavi-fakti-za-volt-dizni-kafepauza.mk

Волт Дизни им купил куќа на неговите родители штом неговото студио станало успешно. Печката во куќата не работела како што треба, па тој замолил некои од вработените во студиото да ја поправат. За жал, тие баш и не знаеле што прават, па печката почнала да испушта гас во куќата. Следното утро, чистачката ги пронашла родителите на Дизни како се гушат од гасот и успеала да ги извлече надвор, на свеж воздух. Татко му на Дизни преживеал, но мајка му починала поради преголемата количина гас што ја вдишала.

Бил обвинуван дека е расист и антисемит

(2)pomalku-poznati-i-mornichavi-fakti-za-volt-dizni-kafepauza.mk

Гласините за погледите на Дизни кон другите раси најмногу произлегуваат од расистичките стереотипи кои се појавуваат во неговите филмови во 1940-тите. Овде спаѓа црниот слуга од Фантазија (Fantasia), убивањето на враните во Дамбо (Dumbo) и волкот во Трите прасиња (Three Little Pigs) кој имитира еврејски продавач. Однесувањето на Дизни може да биде резултат на времето во кое живеел, но важно е да се спомене дека тој се поврзувал со познати антисемитски групи, и ја поканил Лени Рифенштал, која била нацистички пропагандист, во своето студио.

Не им дозволувал на жените да бидат аниматори во неговото студиото

(3)pomalku-poznati-i-mornichavi-fakti-za-volt-dizni-kafepauza.mk

Во овој период на жените им биле забранети многу работи, но Волт Дизни имал свое тврдоглаво мислење за улогата на жените во неговото студио. Во 1930-тите и 1940-тите жените биле вработувани само како сликари, макотрпно цртајќи ги сите сцени што се појавувале во филмовите, кои биле креирани од мажите пред да им ги дадат на жените. За време на правењето на Снежана и седумте џуџиња, некои жени работеле повеќе од 80 часа неделно. Едно познато писмо за одбивање кое Волт Дизни ѝ го пратил на една жена вели:

„Жените не прават ништо од креативната работа кога се подготвуваат цртаните. Таа работа ја вршат само млади мажи.“

Мери Блер е една од првите жени која го пробила Дизниевиот полов ѕид и добила признание за нејзините концепти во доцните 1940-ти.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар