Вистинските приказни што се кријат зад безвременските љубовни песни

Вистинските приказни што се кријат зад безвременските љубовни песни

Само искрената емоција може да претставува инспирација за создавање на трогателна љубовна песна. Токму затоа, некои од најдобрите песни се напишани за врски и луѓе што навистина постоеле во реалноста. Дознајте ги приказните што се кријат зад следниве незаборавни љубовни песни…

Вистинските приказни што се кријат зад безвременските љубовни песни

1. Ewan MacColl – The First Time Ever I Saw Your Face

Иан МекКол за прв пат ѝ ја отпеал оваа песна на Пеги Сигер преку телефон, иако во тој период не им одело баш најдобро. Тие имале афера, бидејќи Иан тогаш бил оженет со друга и поминале години пред конечно да завршат заедно.

2. Joan Baez – Diamonds and Rust

На крајот од 1974 година, Боб Дилан ѝ се јавил на неговата некогашна девојка Џоан Баез преку говорница од Средна Америка и ѝ ги изрецитирал стиховите од неговата 9-минутна песна „Lily, Rosemary and The Jack Of Hearts“. Овој дух од минатото ја инспирирал да напише свое ремек-дело како одговор во кое носталгично се сеќава на неверојатниот талент на Боб Дилан, на неговото лошо мислење за нејзината поезија и за чувствата на љубов и загуба. Можете ли да си го замислите овој телефонски разговор?!

3. Bob Dylan – Sara

И Дилан напишал многу љубовни песни што вредат да добијат Нобелова награда. Најдобрата од нив е „Sad Eyed Lady of The Lowlands“ која зборува за мистериозна жена со „очи како чад“. Таа жена била Сара Лоундс, а тоа Дилан го потврдил во неговата песна „Sara“ за која отпеал дека е „лесно да се гледа, но тешко да се дефинира“.

4. The Beatles – Something In The Way She Moves

Пети Бојд во нејзината автобиографија тврди дека нејзиниот сопруг Џорџ Харисон ѝ ја пеел оваа нежна љубовна химна во нивната кујна и на некој начин ѝ кажал дека ја имал напишано токму за неа. Но, самиот Харисон тврди дека песната е посветена на богот Кришна. Без оглед на вистината, мора да признаеме дека се работи за навистина прекрасна љубовна песна.

5. Eric Clapton – Layla и Wonderful Tonight

Ерик Клептон се вљубил во Пети Бојд додека таа сѐ уште била во брак со Џорџ Харисон. Така настанала песната „Layla“ чиј наслов е преземен од една книга за забранета љубов. Кога веќе биле заедно, Ерик Клептон ѝ ја посветил и песната „Wonderful Tonight“ во која говори за тоа колку добро изгледала кога бирала кој фустан ќе го облече за вечерното излегување.

Продолжете на следната страница за останатите песни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар